Коронавирус, грип или настинка: Еве како да знаете што се случува во вашето тело!

Обрнете внимание

Фото: Илустрација

Според присуството или отсуството на покачена телесна температура, најлесно можете да препознаете што се случува со вашето тело

Сезоната на грип и вируси сѐ уште трае, а присутни се и настинките и коронавирусот, па и новата варијанта омикрон сојот, за кого експертите велат дека е позаразен од делта-сојот.

Симптомите на настинка, грип и коронавирус сепак се разликуваат, а според присуството или отсуството на покачено телесна температура, наједноставно можете да препознаете што точно се случува со вашето тело.

Симптоми на настинка

Британскиот здравствен систем издвоил неколку најчести симптоми на настинка, нагласувајќи дека тие главно се појавуваат постепено:

  • болка во грлото
  • затнат нос или течење слуз од носот
  • главоболка
  • болка во мускулите
  • кивавица и кашлица
  • притисок во ушите
  • покачена телесна температура
  • губење на сетилото за мирис и вкус

Симптомите се исти и кај возрасните и кај децата, со тоа што кај децата може подолго да траат.

Симптоми на грип

Според податоците на британскиот здравствен систем, симптоми на грип се:

  • треска и температура повисока од 38 степени
  • чувство на умор и исцрпеност
  • болка во телото
  • сува кашлица
  • главоболка
  • болка во грлото
  • проблеми со спиењето
  • губење апетит
  • дијареја или болки во стомакот
Симптоми на коронавирус

Од почетокот на епидемијата, симптомите на коронавирус се менуваа, но лекарите како главни ги издвоија:

  • покачена телесна температура
  • ненадејна кашлица што трае
  • промена или загуба на сетилото за мирис и вкус
Симптоми на делта сојот

Според податоците собрани преку апликацијата ZOE, симптомите што се појавуваат зависат од тоа дали сте вакцинирани и колку дози на вакцина сте примиле.

Симптоми по две дози вакцина:

  • течење слуз од носот
  • главоболка
  • болка во грлото
  • кивавица
  • губење на сетилото за мирис

Симптоми по една доза:

  • главоболка
  • течење слуз од носот
  • болка во грлото
  • кивавица
  • упорна кашлица
Симптоми на омикрон сојот

Според најновите податоци од Лондон, каде што има најмногу заразени со омикрон во Велика Британија, научниците издвоиле пет главни симптоми на овој сој:

  • главоболка
  • течење слуз од носот
  • умор (благ или драстичен)
  • болка во грлото
  • кивавица

Експертите нагласуваат дека како симптоми на омикрон се појавуваат и губење на апетитот и мачнина, ноќно потење и засипнат глас.

Јужноафриканската докторка што го открила омикрон-сојот на коронавирус објаснила: Невакцинираните имаат многу посериозни симптоми!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.