Првиот пациент умрел кратко откако зачекорил на клиниката: Најголемата психијатриска болница на светот крие морничава тајна!

Болницата во Миледгевил

Напуштени простории, зар’ѓани уреди и необични гробишта кои предизвикуваат морничаво чувство, но во Џорџија привлекуваат голем број обожаватели на мрачниот туризам

Миледгевил е град во сојузната американска држава Џорџија и место што зрачи со историски шарм, изобилие од зеленило, прекрасно езеро Синклер и река Оцона.

Меѓутоа, Миледгевил е познат и по најголемата психијатриска болница на светот, која денес изгледа како мал град на духови.

Напуштени простории, зар’ѓани уреди и необични гробишта кои предизвикуваат морничаво чувство, но во Џорџија привлекуваат голем број обожаватели на мрачниот туризам.

Бодликавата жица и напуштените ходници будат љубопитство за тајните што ги крие разрушениот санаториум со име Georgia Lunatic, Idiot and Epileptic Asylum отворен во 1837 година.

На туристичките тури, посетителите можат да дознаат дека санаториумот некогаш примал и по 17 илјади пациенти одеднаш. Водичот им ја раскажува и приказната за Тилман Барнет, првиот пациент што починал кратко откако пристигнал во санаториумот.

Поради менталната болест, го врзале со синџири за да не побегне на патот до болницата и го принудиле да пешачи со километри.

Измачен и истоштен, Тилман не живеел долго. Но тоа е само една во морето морничави и тажни приказни што го испишале минатото на оваа болница.

Повеќе од илјада Американци се лекувале тука, често против своја волја и често без докази дека се ментално болни.

Родителите ги плашеле децата со оваа психијатриска установа, така што им зборувале дека ќе завршат тука ако бидат лоши, а истовремено се плашеле и возрасните.

Лекарите користеле класични психијатриски методи од тоа време, од лоботомија до електрошокови, но и далеку помалку софистицирани техники, како што се затворање на пациентите во метални кафези и присилно туширање со ладна или врела вода.

До 1950 година, бројот на пациенти ги надраснал болничките капацитети. На еден лекар имало двесте, па дури и триста пациенти, кои не можеле да го добијат вниманието неопходно за нивното излекување.

Болницата почнала да се затвора во текот на 1960-тите и 1970-тите години и еден период работела како затвор, но дури во 2010 година засекогаш ги затворила своите врати. Погледнете како изгледала болницата и што се криело внатре…

Град на духови: Не се влегува во овој проколнат град по заоѓањето на сонцето! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.