Кашлицата исчезнува за миг: Природен сируп од две состојки кој ги исфрла сите вируси од организмот

Ќе ви помогне нормално да дишете

Овој природен лек смирува кашлица, растечен нос, воспаление на грло и ги смирува симптомите на многу други воспалителни состојби

Кромидот е многу хранлив и здрав производ. Во себе содржи сулфурни соединенија, пектин и глукокинин, кои имаат антибактериско дејство. Исто така, богат извор е на фолна киселина, калциум, фосфор, магнезиум, хром, железо, диетални влакна и јод, кои имаат антивоспалителни и антивирусни својства.

Меѓутоа, составот на кромидот што го прави толку лековит е количината на витамини А, Б1, Б2, ПП, Ц и фитоцид, кои претставуваат моќна комбинација кога е во прашање одбраната на организмот.

Витаминот А помага во одржувањето на правилната функција на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2 овозможува правилно функционирање на слузницата и дишните патишта. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот одговор на организмот, го скратува траењето на настинката, го поттикнува растот и ефикасноста на имунолошките клетки, а поттикнува и зголемување на количината на интерферон, кој има антивирусно дејство.

Фитоцидите се карактеризираат со силни антибактериски својства, го оневозможуваат развојот и ширењето на вирусот во организмот и успешно се борат дури и со туберкулоза.

Сирупот од кромид е многу едноставен за приготвување, евтин е, здрав и може да им се дава и на возрасни и на деца. Се препорачува за кашлица, за намалување на мукусот (количината на слуз акумулирана во дишните органи), намалување телесна температура и други воспалителни процеси, особено на горните и долните респираторни патишта. Кромидот ја забрзува и циркулацијата, со што го поттикнува потењето и исфрлањето токсини и вируси од организмот.

Рецепт за сируп од кромид:
  • 1 главица голем кромид
  • 2-3 лажици шеќер или мед

Исечете го кромидот на помали коцки и додајте шеќер или мед. Оставете го да стои поклопен неколку часа. По 3-4 часа, исцедетте 4-5 мл сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи му исчезнуваат хранливите вредности од стоење.

Во сирупот од кромид можете да додадете и чешне здробен лук, кој ќе пружи дополнителна помош во борбата против вируси и бактерии. Консумирајте го сирупот три пати дневно по 1 лажица (5 мл).

Домашен сируп против сува кашлица: Може да го пијат и деца и возрасни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.