Домашен сируп против сува кашлица: Може да го пијат и деца и возрасни!

Народен лек

Пробајте го овој чудотворен лек кој е исклучително вкусен

Најдобро докажано средство против бронхитис, сува и хронична кашлица кај деца и возрасни е црната рдоква со мед.

Тоа е рецепт што го применувале и нашите баби. Благодарение на природните состојки, не само што е едноставен и вкусен, туку и многу корисен.

Овој природен лек е одлично средство за искашлување во случај на болести на горниот респираторен тракт.

Ќе ви треба: поголема црна рдоква и мед.

Приготвување: Сирупот се приготвува навечер за утредента.

Добро измијте ја и исушете ја рдоквата. Ако не е рамна, исечете го малку долниот дел, за да стои рамно. Отсечете го горниот дел, кој подоцна ќе ви треба.

Направете вдлабнатина во рдоквата, оставете ги ѕидовите на дебелина од околу 2 сантиметри. Во вдлабнатината додајте 2 лажици мед (да се наполни повеќе од половина рдоква) или 4 лажици шеќер (ако сте алергични на мед).

Поклопете ја со капак, односно со горниот отсечен врв. Оставете ја да преноќи.

За тоа време, во рдоквата ќе се појави лековит сируп, незаменлив за лекување кашлица. Наутро можете да почнете да го користите сирупот.

Сирупот против кашлање треба да го земате 4-5 пати дневно, неколку пати пред јадење. Возрасните по 1 супена лажица, а децата по 1 кафена лажичка.

Во текот на денот ќе го потрошите сирупот, затоа навечер во истата рдоква повторно додајте мед, а утредента повторно ќе можете да го земате овој вкусен и лековит сируп. Дури по два-три дена можете да ја смените рдоквата.

Со овој лековит сируп брзо ќе се ослободите од сувата и упорна кашлица. А децата ќе го прифатат со задоволство.

Само треба да внимаваат дијабетичарите и децата помлади од една година, бидејќи големата количина на мед може да им предизвика алергија. И покрај лековитоста, постојат контраиндикации за користење во случај на акутни болести на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб, жолчното ќесе и бубрезите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.