Еве како да го исчистите и дезинфицирате просторот во кој престојувала личност за која постои сомнеж дека има корона!

Многу важно!

Со оглед на тоа што короната може да преживее на површини од различни материи најмалку два до три дена, треба детално да се исчистат сите површини

Покрај самоизолацијата и честото миење раце, во борбата со коронавирус многу е важно да го дезинфицирате и домот.

Особено внимание треба да посветите доколку во него живее личност која има симптоми на КОВИД-19 и за која постои сомнеж дека е заразена.

Експертите наведуваат дека дури и откако пациентот ќе биде изолиран во друг објект, просториите во кои претходно престојувал, треба детално да се исчистат, па дури тогаш може некој друг да поминува време во нив.

Исто така, ако живеете со личност за која постои сомнеж дека е заразена, одвоено користете садови и постелнина, кои по употреба треба темелно да се исперат со детергент и вода.

За чистење на просторот во кој живеела потенцијално заразена личност, ќе ви требаат: ракавици, заштитна маска, работна облека, пластични кеси, крпи, детергент, дезинфекциско средство, канта со вода и џогер.

Упатство за чистење:
  • Пред да почнете со чистење, ставете хируршка маска и ракавици.
  • Одбегнувајте да го допирате лицето и очите во текот на чистењето.
  • Држете ги прозорците отворени за да се проветрува просторијата или вклучете вентилација.
  • Исчистете го подот со детергент, а потоа дезинфицирајте го според упатствата на произведувачот за подготовка на средствата за дезинфекција.
  • Исчистете ги тоалетите, вклучувајќи ја тоалетната шолја и сите достапни површини во тоалетот со детергент, па потоа дезинфицирајте ги.
  • Немојте да користите пакување со распрскувач за нанесување дезинфекциски средства, бидејќи може да дојде до прскања кои и понатаму можат да го шират вирусот.
  • Постелнината, навлаките, ќебето и другите ткаенини, ставете ги во машина за перење (на програма од 90 степени Целзиусови).
  • Ако не е возможно да ја перете ткаенината во споменатата програма, треба да користите производи за деконтаминација на ткаенина.
  • Ако личноста се’ уште се тестира за КОВИД-19, немојте да ги користите душеците, теписите или перниците што ги користела таа личност, додека се утврди дека не е заразена.
  • Повторете го чистењето и дезинфекцијата на подот, почнувајќи од едниот крај на просторијата до другиот.
  • Одбегнувајте преминување од подрачјата што не се исчистени до исчистените подрачја за да не ги контаминирате повторно.
  • Фрлете ги сите крпи и преостанатиот отпад што настанал за време на чистењето во пластични кеси.
  • Извадете ги ракавиците и фрлете ги во кесата, измијте ги рацете со сапун и вода.
  • Извадете ја хируршката маска и фрлете ја во кеса, па измијте ги рацете со сапун и вода.
  • Целиот отпад што настанал за време на чистењето треба да го одвоите од преостанатиот отпад и да го фрлите што е можно побрзо во контејнер.
  • Истуширајте се и преслечете се веднаш по чистењето.
  • Оставете ги прозорците отворени или вентилацијата вклучена за да може просторијата темелно да се проветри.
Листа на активни материи за дезинфекција од КОВИД-19

Детергентот и водата се доволни за генерално чистење од претпазливост. Со оглед на тоа што КОВИД-19 е нов вирус, не постојат истражувања што ја испитуваат делотворноста на активните материи специфично за тој вирус.

Од активни материи, средствата на база на етанол и натриум хипоклорит (ги има во избелувачите) се достапни во болниците.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.