Ако ве мачи затвор посегнете кон овие намирници

Природен лек

Фото: Getty Images

Иако постарите лица се повеќе склони кон затвор, оваа тегоба не ги погодува само нив и е најчестото дигестивно нарушување кај сите возрасни групи.

Лаксативите можат да имаат моќен ефект врз вашиот дигестивен систем, така што можат да го олеснат затворот или да поттикнат правилна функција на цревата. За среќа, има многу храна што делува како лаксатив, а ние ви го откриваме најдобрите од нив:

Чиа семе

Конзумирањето на само две лажици од ова семе обезбедува приближно 11 грама растителни влакна и е првиот избор кога страдате од запек. Студиите покажуваат дека зголемениот внес на влакна ја омекнува столицата и ги чисти цревата.

Боровница

И ова супер овошје е одличен извор на растителни влакна, така тие делуваат како благ лаксатив.

Мешунки

Грав, леќа, грашок… Овие намирници содржат и завидна количина на растителни влакна и ќе ги стимулираат цревата да работат.

Ленено семе 

Семето од лене е богато со масла (омега-3) и протеини, и е познат природен лаксатив кој се користи и при хроничен запек.

Зачини

Бибер, ким, цимет, ѓумбир се со интензивни вкусови и го поттикнуваат организмот да се прочисти.

Салати 

Храната богата со растителни влакна како зелена салата е еден од најдобрите пријатели на добро варење. Пред спиење, направете сад „здравје“ со зелена салата.

Кефир

Кефирот е полн со хранливи материи и пробиотични култури, така што има позитивен ефект врз варењето, без оглед на фактот дека не содржи влакна.

Зелен чај

Една од придобивките на здравиот зелен чај е тоа што го стимулира варењето на храната. Поради одредена количина на кофеин што го содржи, го стимулира метаболизмот да работи побрзо.

Прочитајте и: Ова е најдобриот начин за одржување на нормално ниво на холестерол

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.