Како со помош на автоген тренинг да запрете кардиоваскуларен облик на хипертензија

Го снижуваме притисокот без лекови

Околу 30% од населението на планетата понекогаш имаат покачен артериски притисок, а кај 20% тој е со постојан карактер. Ситуацијата се влошува со годините: половина од луѓето постари од 65 години боледуваат од хипертензија. Да, постојат мноштво лекови што ефикасно го снижуваат притисокот, но таквото лекување е насочено на отстранување на основниот симптом на болеста и притоа е привремено. Штом ќе престанете да ги земате лековите, притисокот повторно ќе скокне.

КАКО ДА ГО ПОПРАВИТЕ ТОА

Со помош на автосугестија. За регулирање на отворот на крвните садови, од што зависи притисокот, е одговорен вегетативниот нервен систем. Свеста генерално слабо го контролира, но автогениот тренинг овозможува управување со посебни реакции на организмот. За лекување хипертензија треба да усвоите само две вежби: целосно опуштање и сугерирање чувство на тежина.

 

НАУЧЕТЕ ДА СЕ ОПУШТИТЕ

Легнете на грб на кревет, рацете и нозете испружете ги по должината на телото, очите затворете ги. Во мислите дајте им команда на сите делови на телото да се опуштат. Повторувајте во себе: „Мојата десна рака е опуштена, мојата лева рака е опуштена“ итн. Доколку не сте почувствувале целосно опуштање, повторувајте го до детаљ процесот на опуштање: прстите, дланките, рацете, подлактиците. Потоа доаѓаат мускулите на вратот, градниот кош, стомакот. Можете да замислите дека сте течност што се разлеала по површината на креветот.

Кога ќе се опуштите, кажете си (во) себеси: „Дишам слободно и мирно, моето срце чука уедначено.“

СУГЕРИРАЊЕ ЧУВСТВО НА ТЕЖИНА

Потоа предизвикувајте чувство на тежина. Можете да почнете од палецот на ногата: „Чувствувам како палецот ми станува тежок, се полни со олово, се спушта под сопствената тежина“. Потребно е ова чувство и сугестија да ги ширите на другите прсти, стапалото, целата нога, другата нога, рацете.

Текст: Доктор Виктор Василјевич Гондар за „Руски доктор“

Фото: Guliver/Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.