Традиционални полнети погачки со џем и чоколадо: Меки топчиња што се топат во уста!

Совршенство од вкусови

Направете ја оваа магија од тесто и засладете си го утрото на најубавиот можен начин

Состојки:
  • 20 г квасец
  • 100 г путер
  • 4 г сол
  • 50 г шеќер
  • 1,5 дл млеко
  • 0,5 дл вода
  • 500 г брашно
  • малку путер за премачкување
  • џем
  • чоколадо (по желба)
  • шеќер во прав за посипување
Приготвување:
  • Измешајте ги квасецот, пола од количината шеќер, млакото млеко и водата и оставете ги на собна температура додека не нарасне квасецот.
  • Измешајте ги брашното, солта и остатокот од шеќерот, па додајте едно јајце и омекнат путер.
  • Додајте ја течноста со квасецот и сето тоа добро измешајте го додека не добиете тесто, па оставете го да отстои дваесеттина минути.
  • Расукајте го тестото тенко, па исечкајте го на коцки од 8 до 10 сантиметри, а во средина ставете го филот.
  • Замотајте го и ставете го во сад премачкан со путер, па оставете го уште 15-тина минути.
  • Откако ќе отстои тестото, премачкајте го со изматени јајца за да добие убава боја.
  • Печете го 180 степени Целзиусови околу 20 минути.
  • Кога погачките ќе бидат готови, посипете ги со шеќер во прав.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.