Принц Хари и’ се обратил на британската јавност со потресно писмо: „Се плашам Меган да не ја доживее судбината на мојата мајка!“

Храбро!

На сите начини се обидува да ја заштити од лошите намери

Принц Хари со емотивно и многу искрено писмо и’ се обратил на британската јавност. Тој зборувал за нарушувањето на приватноста и тортурите низ кои минувала неговата сопруга Меган Маркл. Тој го споредил третманот што го имала мајка му Дијана со овој што го има Меган од страна на медиумите кои го следат секој нејзин чекор.

„Не постојат зборови со кои можам да опишам колку сето ова е болно за мене“, го почнал обраќањето.

Писмото е полно со емотивни изливи. Тој и’ се обраќа на јавноста во прво лице и ги изнесува сите свои најискрени емоции и мисли. Истапувањето на овој начин не е карактеристично за членовите на кралското семејство.

„Мој најдлабок страв е да не се повтори историјата. Гледав што се случува кога некој што го сакам е растрган и изложен на линч и осуди за секој свој потег. Поради тоа ја изгубив мајка ми, а сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите околности“, пишува во писмото.

„Како пар веруваме во слободата на медиумите, објективноста и вистинитоста при известувањето. За жал, мојата сопруга е една од жртвите на британската листа која не ни размислува за последиците што може да ги предизвикаат невистините.“

Иако Меган никогаш не се огласувала на оваа тема, принц Хари навел во писмото:

„Предолго сум дел од нејзиното страдање. Време е да му се спротивставиме на ваквото однесување, бидејќи ова ги уништува луѓето и нивните животи.“

Писмото завршило со изразување благодарност за сите луѓе што ги поддржуваат.

„Неизмерно ја цениме поддршката што ни ја давате. Иако можеби не изгледа така, навистина ни е потребна“, заклучил тој.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.