Германски народен лек: Системски ги чисти артериите од наслаги на холестерол и спречува срцев удар

Не може да наштети

Поради плакот во артериите, снабдувањето на органите со крв оди потешко, што особено негативно влијае врз мозокот

Стареењето и лошата исхрана кога-тогаш ќе го земат својот данок. Со текот на времето, крвните садови ќе се истрошат и ќе станат помалку еластични, а нивните внатрешни ѕидови стануваат обложени со холестерол.

Поради тоа, снабдувањето на органите со крв оди потешко, што особено лошо влијае врз мозокот, а набрзо може да дојде и до појава на висок крвен притисок. Сето тоа заедно го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, како и од многу хронични болести.

Затоа, се препорачува да ја лечите причината, а не последицата – исто така, прво мора да ги прочистите артериите. Еден од најпопуларните методи е лек од германската народна медицина, што наводно ги отстранува сите наслаги на холестерол и калциум од артериите.

Состојки:
  • 4 лимона
  • парче ѓумбир
  • 2 литри вода
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици мед
Приготвување:

Добро измијте го лимонот, а потоа прелејте го со врела вода за да ги отстраните сите наслаги од кората. Потоа, исечете го лимонот на тенки крукчиња или сомелете го заедно со кората.

Излупете ги ѓумбирот и лукот, па и нив сомелете ги или изблендирајте ги. Лимонот ставете го во стаклен сад што собира три литри течност. Зовријте две литри вода и оладете ја до 60 степени. Додајте лук, ѓумбир и мед. Сето тоа убаво измешајте го и веднаш сипете го во теглата со лимон. Лекот е готов откако ќе отстои два часа.

Примена: Консумирајте го секој ден на празен стомак 100 мл наутро и навечер, најдолго три недели. Потоа, мора да направите пауза од една недела, па да ја повторите постапката во период од четири недели, со тоа што тогаш ќе го пиете еднаш дневно, или наутро или навечер.

Првите резултати би требало да ги почувствувате за 10 до 14 дена. Чувајте го во фрижидер, а пред употреба, загрејте го малку во сад со топла вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.