Нај(о)зборуваното издание на Емили Ратајковски (ФОТО)
Нам ни е океј, а вам?
Популарната британска моделка и креаторка на долна облека, Емили Ратајковски на забавата на „Венити фер“, која се одржа по завршувањето на церемонијата на доделувањето на „оскарите“, се појави во провокативно издание, кое крена голем прав во јавноста.
Една од најзгодните манекенки за оваа пригода избра бела креација од два дела – „сиромашен“ топ и долго здолниште, кои ги откриваа нејзините совршени стомачни мускули.
Многумина коментираат дека ова издание на Емили не е соодветно за гламурозен настан каков што е афтер-партито на „Венити фер“.
Фото: Инстаграм