ФИТОТЕРАПИЈА: Билни мешавини што ги топат мастите

Пробајте ги!

Во случај на какво било хронично заболување, консултирајте се со фитотерапевт!

Фитотерапијата помага да се намали ризикот од метаболички синдром. Лековитите растенија имаат повеќекратно дејство: го активираат метаболизмот, го намалуваат апетитот, го топат поткожното масно ткиво, имаат диуретично и лаксативно дејство и ги исфрлаат вишокот холестерол и токсини.

Може да се користи следната мешавина: четири лажичиња плодови од шипка (има диуретичко и холеретичко дејство), по две лажичиња жалфија и пченкарна свила (го намалуваат апетитот, ги подобруваат метаболичките процеси, имаат мало диуретичко и холеретичко дејство), по едно лажиче цветови од камилица и нане (имаат мало холеретичко дејство) и кора од крушина (има мало лаксативно дејство).

Сите билки треба да бидат суви и исечкани. Една лажица од мешавината прелејте со шолја врела вода, оставете да отстои еден час, па процедете. Пијте по една чаша наутро и навечер. Третманот трае максимум седум дена, потоа треба да се направи десетдневна пауза и да се повтори лекувањето.

Ефикасен е и следниот рецепт: помешајте еднакви делови цветови од камилица, плодови од шипка, цвет од липа и лист од нане. Една лажица од мешавината прелејте со шолја врела вода, оставете да отстои 45 минути, па процедете. Земајте по половина чаша два-три пати на ден.

Растенијата што содржат горчливи материи се одличен помошник во борбата против несаканите килограми, бидејќи ги активираат метаболичките процеси и работата на дигестивниот систем. Трипати на ден пред јадење можете да земете на врв од нож мелена жолта линцура и да ја прелеете со вода. Третманот трае од седум до десет дена, а по еднонеделна пауза треба да се повтори.

Многу повеќе корисни совети за унапредување на здравјето можете да прочитате во специјализираното списание „Руски доктор“ (кликнете ТУКА).

Текст: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

sdlhhdn tkbfevu oc ieiv scm