Во продажба е новиот број на специјализираното списание за унапредување на здравјето – „Руски доктор“

Еве што ќе читате во него

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Многумина со нетрпение и радост ги очекуваат потоплите денови, кои се сѐ поблиску. Но пред нас е преодна сезона, а март и април традиционално се „резервирани“ за настинки и грип… Па, време е да провериме дали сме заборавиле нешто? Витамини за превенција и домашна зелена аптека. Со таков арсенал, ниту еден вирус не е страшен!

Но најважно е овие средства да се применуваат правилно и навреме, а токму за тие правила пишуваме овој месец…

Да не заборавиме дека студената доба во годината е време и на зголемена геомагнетна активност. Тоа, пак, не влијае најдобро на нашето здравје. Најдобар излез во случај на чувствителност на геомагнетните промени е зголемување на резервните сили на организмот.

Поради тоа во овој период е неопходно да се тренира и телото за промените на времето. А, за жал, сѐ уште е тука и коронавирусот, па стана неизбежно редовно да се трага и бара решение за проблемите што ги предизвикува, како на пример губењето на косата.

Додека, пак, во темата на овој број, нашите руски стручни соработници откриваат како да не го провоцираме панкреасот и што подолго да го одржуваме здрав. Затоа што панкреасот е мала жлезда, со големина на дланка, но многу важна и итра, која никако не поднесува лош третман.

Велат дека кога ќе ја „налутите“ – таа јасно ви го покажува тоа со болка.

И, секако, долговечноста секогаш е добредојдена тема за малку ведрина и надеж. Додека научниците и истражувачите се обидуваат да ги откријат тајните состојки на „еликсирот на младоста“, постарите луѓе признаваат дека нема посебна тајна за долговечноста. Едноставно, не треба да се плашиме од работа и треба да живееме во љубов и хармонија со своите блиски.

Ваша Сузана Митревска

Во новиот број на специјализираното списание „Руски доктор“ ќе читате:

5 Чудесната крв: шест факти за најважната течност во нашиот организам

6 Како да заспиете кога ве мачи болка

7 Коронавирусот влијае на здравјето на усната празнина

8 Забрзајте го метаболизмот

9 Со бањи и облоги против воспаление на зглобовите

10 Чувајте го панкреасот!

16 Правилна инхалација

17 Поздравете се со чирот!

18 Отоци и шеќер: постои врска!

20 Десет факти за грипот што ќе ве изненадат

22 Домашна аптека за настинка и грип

26 Стоп за опаѓањето на косата по корона

28 Лекуваме воспаление на заб

32 Тренирајте го телото за промените на времето

34 Природата како психотерапија

36 Мацерат: направете сами лековито масло

39 Расолница од краставица лекува егзема

40 Јадете ореви и бидете здрави!

42 Ручек од Истокот

43 Ослабете со помош на никулци

45 Подмладувачката дуња

46 Терапија со мандарини

48 Јаспис: каменот на божицата на Сонцето

50 Денот на бранителот на татковината

Текст и фото: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.