Циста на бубрег? Еве што може да помогне!

Неа ја стимулираат ферментирани производи, богати со шеќери, како и леб, кисели краставички, зелка, кефир, препарати од чајни печурки (комбуха) и колбаси.

При единечна циста на бубрег е важно да се избегнуваат препарати (особено непроверени) за нејзино намалување. Треба да се отстранат факторите што доведуваат до развој на неоплазма. Неа ја стимулираат ферментирани производи, богати со шеќери, како и леб, кисели краставички, зелка, кефир, препарати од чајни печурки (комбуха) и колбаси.

Не би требало да одите во бања или сауна ниту да се сончате. Контраиндицирани се солариум, термофори и топли бањи. Може само да се туширате со топла вода.

Важно е да не настинете, особено треба да ги чувате стапалата. Ако настинката тргнува од стапалата, тоа придонесува за воспалителни процеси во бубрезите и за раст на цисти.

Треба редовно да се прави ултразвук на бубрезите. Ако цистата е мала (до 1 см) и не расте, нема да биде потребно никакво лекување, туку само нејзино следење.

Важно! Единечните цисти се полоши од повеќекратните цисти бидејќи има поголема веројатност да растат, што доведува до притисок врз крвните садови во бубрегот. Тогаш тоа не може да помине без операција.

* Јадете 10-16 зрели бобинки од калинка со секој оброк.

! Контраиндикации: зголемено згрутчување на крвта, тромбофлебитис, склоност кон тромбоза.

* Трипати на ден, половина час пред јадење, земајте 30-35 капки прополис од аптека, со половина шолја вода.

* Пет лажици сечкан корен и листови од чичка се прелеваат со литар врела вода, се чува на пониска температура 15-20 минути, се остава да отстои еден час, па се процедува. Во препаратот се додава зовриена вода до првобитниот волумен. Пијте по четвртина чаша трипати на ден, половина час пред јадење. Курата трае долго.

Текст: Дина Павловна Балјасова, докторка по хемиски науки и фитотерапевтка (Москва)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.