Цисти на црниот дроб: кои билки помагаат?

Ефикасно лековито средство против какви било цисти е сок од чичка, а добра е и тинктура од руса.

„Секоја година на работа ни организираат систематски преглед, при што ни прават ултразвук на стомакот. При последното снимање, лекарот ми пронајде две цисти на црниот дроб, од по неколку милиметри. Ме испратија на магнетна резонанца и таму ми ја потврдија дијагнозата. Никогаш сум немал здравствени проблеми, се чувствував и се чувствувам нормално, немам забележано никакви промени.

Лекарот ми рече да ја следам динамиката на болеста, дали цистите се зголемуваат, го менуваат ли обликот – во тој случај ќе ми пропише лекови. Може и да не се развиваат, а исто така и сами може да се апсорбираат. Но сепак не оставил тоа да оди по својот тек. Посоветувајте ме кои билки може да ги користам за да не дозволам раст на цистите и воспаление на црниот дроб. Може ли тие да помогнат цистите да исчезнат?“, пишува Владимир Т.

Ефикасно лековито средство против какви било цисти е сок од чичка. За приготвување е потребно неколку свежи цветови од чичка да иситните во блендер или да сомелете во соковник. Сокот чувајте го во фрижидер. Трипати дневно земајте по една лажица, а лекувањето трае 30 дена. Со користењето на сокот можете да помогнете цистите да се апсорбираат. Потоа направете ултразвук: доколку цистите не се апсорбирале, повторете го третманот.

Ако не постојат контраиндикации, можете да земате тинктура од руса. Лесно се прави домашни услови. Со помош на блендер или соковник исцедете сок од листови и стебленца од руса и помешајте го со вотка во сооднос 1 : 1. Оставете да отстои седум дена, потоа можете да почнете со примената. Тинктурата чувајте ја на темно место.

Земајте ја по следната шема: првиот ден земете 10 капки, а секој нареден ден земајте по една капка повеќе, додека не дојдете до 20 капки. Потоа секојдневно намалувајте ја дозата по една капка, додека дојдете до 10 капки – третманот трае 40 дена. Тинктурата земајте ја наутро на празен стомак, 30 минути пред појадок, мешајќи ја со 100 мл млеко.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.