Јаболков оцет и мед: Народен лек против киселост во организмот кој е одличен и за слабеење!

За здраво и силно тело

Народните лекови се добредојдени одвреме-навреме кога сакате да го зајакнете вашето тело и да го подготвите за новото годишно време

Сировиот мед и јаболковиот оцет дејствуваат благотворно поради своите способности за одбрана од инфекции и третирањето разни состојби што влијаат врз квалитетот на животот.

Здравствени благодати од мешавината од јаболков оцет и мед:

1. Подобро здравје и елиминирање на болката во зглобовите (добра е и за болки од артритис)

2. Елиминирање на киселините и олеснување од жиговина

3. Подобрување на дигестивното здравје, вклучувајќи и проблеми со опстипација

4. Слабеење

5. Го намалува нивото на холестерол и го снижува крвниот притисок

6. Ублажува воспаление на грлото

7. Повеќе енергија

8. Младешки изглед и подобра состојба на кожата

9. Лек за лош здив

10. Намалување на воспаленијата

Зошто е ова добитна комбинација?

Предностите на оваа напивка можат да се објаснат врз основа на хемиските својства на состојките и нивните интеракции со телото. Многу експерти веруваат дека стануваме болни кога нашето тело претерано ќе ја зголеми киселоста (pH-вредност под 7).

Оцетот е природно кисел, но кога се консумира, станува алкален. Медот, исто така има ниска pH-вредност, но и ја подигнува алкалноста на телото во моментот на консумирање.

Овие две супстанции се совршен начин за организмот да се ослободи од прекумерната киселост што се јавува како последица на стресниот начин на живот и консумирањето нездрави намирници и пијалаци. Нашето тело функционира најдобро и најздраво кога неговата pH-вредност е помеѓу 7,0 и 7,4 – умерено алкална.

Како да направите напивка од јаболков оцет и мед:

Состојки:

  • 1 лажиче сиров мед
  • 1 лажиче јаболков оцет (ако можете да го толерирате вкусот, зголемете ја дозата на 1 голема лажица)
  • 1 чаша топла вода

Можеби прво ќе ви пречи јакиот вкус во устата, но кога ќе ги почувствувате благодатите, најверојатно ќе продолжите да го практикувате рецептот.

Кога да ја пиете?

Најдобро е да ја пиете мешавината на празен стомак, наутро. Консумирајте ја 20-30 минути пред јадење. Бидете доследни и користете ја секојдневно.

Некои предлагаат да ја зголемите количината на два или три пати дневно, во зависност од вашите потреби и толеранцијата на вкусот. Јаболковиот оцет може да влезе во интеракција со диуретици, лаксативи и лекови за дијабетес и болести на срцето, па ако планирате да го користите секојдневно, побарајте совет од лекар за одбегнете интеракција со лековите што ги земате.

Еве како да го намалите високиот крвен притисок со помош на јаболков оцет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.