Еве како да го намалите високиот крвен притисок со помош на јаболков оцет!

Народен лек

Ако имате проблем со високиот крвен притисок, обрнете внимание на ова

Високиот крвен притисок настанува така што низ целото тело се зголемува отпорот кога крвта поминува низ најситните крвни садови, артериолите.

Во рана фаза, таа отпорност лесно се отстранува со одморање, па крвниот притисок во срцето се нормализира, а тоа резултира со флексибилност на артериолите, нивна еластичност и опуштеност. Меѓутоа, со текот на времето, артериолите ја губат способноста да се шират и собираат, па одморот не може повеќе да го снижува тој притисок.

Овој проблем може да биде предизвикан од стрес или нервна напнатост, но и од хемиски состојки во крвта. Без оглед на причините за неговата појава, високиот крвен притисок мора да се лекува за да не дојде до големи компликации.

„Народната медицина високиот крвен притисок го смета како сигнал повеќе да се јаде храна богата со јаглехидрати (овошје, зеленчук, медитеранска исхрана)“, тврди познат нутриционист.

Нутриционистот смета дека поголеми количини на протеини во исхраната нема да ни наштетат ако притоа користиме јаболков оцет, јаболка, брусница или цедени сокови од ова овошје.

„Кога крвта е нормална и има нормална густина, таа лесно минува низ најситните крвни садови и тогаш крвниот притисок е нормален, но кога крвта е густа и поминува отежнато низ крвните садови, тогаш доаѓа до покачен крвен притисок“, тврди нутриционистот.

Народната медицина во тие ситуации ни предлага:
  • Да се зголеми дневниот внес на киселини во органски облик, како јаболка, железо, брусница или нивни сокови. Но препорачливо е и секој ден да се пие чаша вода во која се разматени две супени лажици јаболков оцет.
  • Да се намали внесот на протеини и маснотии од животинско потекло и таа количина да се балансира со внесот на јаглехидрати и масти во сооднос 1:2:1.
  • Да се намали пченичната храна и да се замени со пченкарна. Да се исфрли рафинираниот шеќер и брашно, месото и претераните маснотии.
  • Обичната кујнска сол е многу опасна за покачениот крвен притисок. Таа привлекува и задржува течност, па затоа на лицата што имаат покачен крвен притисок им се препорачува да не ја посолуваат храната.
  • Медот дејствува сосема спротивно од водата. Ако го земаме со секој оброк, тој ќе ја извлече вишокот течност од крвта, намалувајќи го притоа крвниот притисок, а со своето смирувачко дејство, ќе ја намали напнатоста на нервниот систем.

ПРЕПОРАКА: Секое утро пијте 200 мл млака вода во која се разматени 2 супени лажици јаболков оцет.

Во чаша млеко додајте малку јаболков оцет: Ниту една таблета нема да ви помогне побрзо и поефикасно
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.