Забрзајте го метаболизмот! Ниту една болест не предизвикува толку многу дискусии како дебелината

Лекарите веќе отворено кажуваат дека прекумерната тежина полека но сигурно ја поткопува работата на виталните органи и системи и, на крајот, може да доведе до прерана смрт.

На овој проблем прво, во 1988 година, обрна внимание професорот Ривен од универзитетот „Стенфорд“, кој предложи да се вика синдром X.

Овој научник спроведе истражување и докажа дека дебелината, хипертензијата, високиот холестерол и шеќерот во крвта се најкраткиот пат до инфаркт и мозочен удар. Синдром Х или метаболички синдром е еден вид одмазда за нашата урбанизација: лоши навики, неправилна исхрана, живот што вклучува малку движење.

И сето тоа понатаму може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Не помалку од три симптоми

За метаболички синдром може да се зборува доколку некое лице има најмалку три од следниве симптоми:

* прекумерна тежина;

* висок крвен притисок;

* дислипидемија (промена на односот на липидите во крвта);

* гихт;

* покачени нивоа на машки полови хормони кај жените.

За среќа, болеста може да се лекува, но процесот е долготраен и постепен и треба да се подготвите на тоа.

Активирајте го метаболизмот

Најважно е да поведете сметка за исхраната. Преминете на растителна храна: таа е обилна, брзо го полни желудникот, дава чувство на ситост долго време, а во притоа е нискокалорична.

За да се ослободите од вишокот килограми, од режим на таложење вишок маснотии префрлете го организмот во режим на губење. Едноставно кажано, регулирајте го нарушениот метаболизам. Јадете почесто а помалку. Многумина, напротив, се трудат да јадат помалку за да ја намалат енергетската вредност на исхраната, но ефектот е поинаков!

Од кашите, најдобро е да се избере каша од хелда. Навечер е корисно да се испие чаша кефир, со додавање едно лажиче мелено ленено семе – содржи полинезаситени масни киселини, витамини растворливи во масти, влакна и фитоестрогени (ентеролактони) многу корисни за регулирање на метаболизмот.

Уште вредни совети

* Лукот и кромидот, сите видови пиперки, куркумата, циметот, ориганото, мајоранот и другите зачини ги подобруваат разградувањето и варењето на храната, служат како катализатори во процесот на варење. Циметот и каранфилчето го забрзуваат метаболизмот, а ѓумбирот го стимулира организмот побрзо да троши енергија. Затоа почесто додавајте ги во вашите оброци.

* За да се ослободите од вишокот маснотии, важно е не само да се храните правилно туку и да спортувате. По вечерата, половина час правете вежби или некои домашни работи. Тоа ќе ви помогне да ги согорите внесените калории.

* Квалитетниот ноќен сон исто така ги топи килограмите. Во тоа време се активира лачењето на лептинот – хормон што учествува во регулирањето на енергетскиот метаболизам и телесната тежина. Тој го намалува апетитот и ја зголемува загубата на енергија, а го менува и метаболизмот на мастите.

* Не заборавајте на водата – таа е идеално средство за спречување на желбата за храна. На желудникот сеедно му е што „ставате“ во него, за него е важен волуменот. Затоа можете да го измамите да не јадете, туку едноставно да испиете вода. Не само што ќе се ослободите од вишокот килограми туку ќе се ослободите и од запек. Водата исто така спречува и рак на мочниот меур.

Заклучокот е едноставен: сѐ во нашиот организам зависи од метаболизмот – и надворешниот изглед и тоа како се чувствуваме. Доколку е метаболизмот нарушен, за почеток е потребно да се врати во правилниот ритам. Во тоа е поентата!

Текст: Светлана Лапина, лекарка и фитотерапевтка, за „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.