Домашен сируп што лекува болести за миг: Јакнењето на имунитетот никогаш не било поважно!

Пробајте!

Домашниот сируп за подигнување на имунитетот додајте го во млак, но не врел, чај за да ги искористите сите придобивки на медот, кој е осетлив на висока температура

Куркумата, ѓумбирот и медот се на врвот на листата на најмоќни природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и лекуваат болести, а освен поради лековитите својства, привлечни се и поради вкусот.

Свежата куркума не е достапна на секој чекор како онаа во прав, но може да се најде во продавници за здрава храна. Се препорачува во комбинација со бибер, кој го поттикнува нејзиното дејство.

За да направите домашна волшебна напивка за здравје, ќе ви треба и портокал и лимон, како и органски јаболков оцет. Сирупот додајте го во вода или во чај за добро утро и чувајте го во фрижидер.

Состојки:
  • 2 шолјички квалитетен мед
  • 5 см корен од ѓумбир
  • 5 см корен од куркума
  • 1 лажица куркума во прав
  • 1 органски лимон
  • 1 органски портокал
  • 1/3 шолја органски јаболков оцет
  • 1 прстофат бибер
Приготвување:

1. Добро измијте ги лимонот и портокалот, исцедете ги, а куркумата и ѓумбирот излупете ги и изрендајте ги.

2. Сипете јаболков оцет во сад, па измешајте го со сокот од лимон и портокал. Изрендајте кора од лимон и портокал, па додајте ја мешавината во преостанатите состојки и добро измешајте.

3. Оставете ја смесата прекуноќ во фрижидер, па следниот ден исцедете ја со цедалка, мешајќи за да ги одвоите сите крупни делови.

4. Сирупот можете да го додадете во чај или да го измешате со вода. Ако го додавате во чај, внимавајте да не биде врел за да ги искористите придобивките на медот.

Моќен домашен сируп за зајакнување на имунитетот: Само една лажица дневно може да го закрепне целиот организам
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.