ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 7 март: Кога сѐ ќе се собере, животот знае позитивно да изненади!

Астро-прогноза

Бикот е успешен, Водолијата задоволна, Рибите се опуштаат, Лавот учи да се грижи за себе

ОВЕН

Доколку сакате да започнете деловна соработка со странци, искористете го денов. Нема да имате никакви проблеми со меѓусебното разбирање. Максимално уживате во тајната врска. Се чувствувате одлично.

БИК

Се подготвувате за кратко деловно патување. Малку сте под стрес бидејќи надредената личност има поголеми очекувања. Добро се чувствувате додека флертувате со симпатијата. Не сте свесни дека емоциите ви се секој ден сѐ посилни. Обидете се да не консумирате алкохол.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу обврски и не застанувате со работа. Прилично сте енергични и самоуверени, така што сите задачи ги изработувате професионално. Се вртите околу симпатијата и се обидувате да ја освоите. Здравјето ви е стабилно.

РАК

Комуникацијата ви оди од рака. Ве очекуваат успешни деловни состаноци и изработување работни планови. Важно ви е да го зачувате бракот иако сте свесни дека партнерот не е многу заинтересиран. Здравјето ви е солидно.

ЛАВ

Ви претстои динамичен ден. Ќе морате добро да се измачите поради некои тешкотии кои на крајот нема да успеете да ги решите. Ве очекува ново познанство. Ја оценувате личноста како интелигентна. Можни проблеми со кожата.

ДЕВИЦА

Кога станува збор за финансиите, ве очекува прилив на пари. Што се однесува до работата, иако давате сѐ од себе, не успевате да го решите деловниот проблем. Партнерот се чувствува занемарено и инсистира да се видите. Притисокот ви е склон на осцилации.

ТЕРЕЗИЈА

Деловната ситуација ви е стабилна. Ви требаат нови предизвици. Разработувате нови деловни идеи. Иако постои личност што ве привлекува, воздржани сте поради разликата во годините. Ве очекува хормонски дисбаланс.

СКОРПИЈА

Деловната ситуација е стабилна, па се чувствувате добро поради тоа. Конечно почнувате да ја освојувате симпатијата така што ѝ давате до знаење дека сте заинтересирани за врска. Другата страна е затекната и не реагира. Здравјето ви е стабилно.

СТРЕЛЕЦ

Се чувствувате добро на работа. Деловните обврски ги доживувате како начин на изразување на креативноста. Многу ѝ се допаѓате на личност која е зафатена. Не ви ги покажува своите емоции, но наоѓа причини да биде покрај вас. Здравјето ви е солидно.

ЈАРЕЦ

Првенствено сте заинтересирани за подобрување на финансиската ситуација. Ве очекува прилив на пари поврзан со странци или странство. Иако имате симпатија, се плашите да ѝ покажете дека сте заинтересирани. Здравјето ви е солидно.

ВОДОЛИЈА

Доколку сте приватник, ви претстои голем успех и појава во медиумите. Ќе глумите скромност, иако ќе бидете горди на успехот. Ѝ се посветувате на саканата личност и максимално уживате во блискоста. Здравствената ситуација ви е стабилна.

РИБИ

Комуникацијата со колегите е успешна. Правите детални работни планови поврзани со нов проект. Му се посветувате на брачниот партнер. Му дозволувате да доминира во односот, што на двајцата ви годи. Се чувствувате одлично.

Марс во Близнаци ќе им донесе големи промени на овие знаци: Ѕвездите ви се наклонети, ве очекуваат само убави работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.