Сунѓерка со ореви: Мека и полна со фил!

Превкусна!

Сварете си кафе и исечете си парче од овој мек колач – уживајте!

Состојки:

За бисквитот:

  • 1 јајце
  • 260 г брашно
  • 100 г гриз
  • 200 мл јогурт
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 лажица маст
  • 1 прашок за печиво
  • кора од лимон

За филот:

  • 200 г мелени ореви
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици сусам, може да биде малку потпечен
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажица кисела павлака
Приготвување:

Јајцето изматете го малку со маталка, па додајте ги состојките за бисквитот и замесете тесто. Одвојте едно помало топче, а преостантото поделете го на два дела.

Првиот дел расукајте го со сукало во големина на плехот, па поставете го на дното. Во оревите додајте шеќер во прав, сусам, цимет и павлака. Во тоа додајте го одвоеното парче тесто па добро соединете ја смесата со раце.

Расукајте го на фолија во големина на плехот. Врз долниот дел во плехот ставете ја расуканата подлога од ореви, а врз оревите вториот дел од расуканото тесто. Исечете коцки со нож и печете на 190 степени, 45-50 минути.

За преливот: Во тенџере ставете 150 г шеќер и 100 мл вода. Додајте исечена мандарина и исцедете половина лимон. Сварете го сирупот па оставете го да се олади и прелејте го оладениот колач.

Волшебен ориентален вкус: Оригиналниот турски сутлијаш е десерт за вистински сладокусци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.