5 причини зошто треба да се ставите на прво место: Не е себично, туку здраво!

Бидете си приоритет

Фото: Pexels

Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за себе

Секоја жена, без разлика дали е мајка, пријателка, сопруга или ќерка, треба да одвои дел од денот за себе. Во катче каде што целосно ќе си се посвети на себе, на своите мисли, желби и на обновување на енергијата.

На тој начин ќе си ја вратите силата, ќе го намалите стресот и ќе си го подобрите расположението. Покрај тоа, ќе станете поисполнета личност, како за себе така и за другите.

Вашето здравје зависи од тоа

Стресот и недостигот на сон го ослабуваат нашиот организам, па станувам поподложни на разни здравствени проблеми. Многу луѓе знаат толку да се оптоварат себеси со секојдневно обврски што не успеваат да одвојат ни половина час за одмор, а уште помалку за хоби или некоја релаксација. А токму тоа остава последици врз физичкото и менталното здравје.

Работата може да почека

Имајте на ум дека работата никогаш не смее да биде приоритет или точка околу која се врти вашиот живот. Работните обврски мора да почекаат кога се работи за важни нешта. Немојте да одложувате одење на доктор поради работата и да се уверувате дека ништо нема да се случи ако почекате малку со некој преглед што долго сте планирале да го направите. Можеби ви се чини дека задачата што ја извршувате го бара вашиот максимум, па одвојувате и слободно време за да ја завршите, но тоа е погрешно. Работата е работа, а слободното време користете го за да се одморите од работните обврски.

Поквалитетна врска

Нема ништо лошо во тоа што се грижите за потребите на вашиот партнер, но ако поради тоа ги занемарувате вашите потреби, тоа ќе се одрази лошо на вашата врска. Ако не научите јасно и гласно да ги искажувате вашите сомнежи, емоции и желби, по некое време ќе се чувствувате запоставено.

Подобра пријателка и мајка

Ако мислите дека вашето семејство и пријателство не ја забележуваат вашата нервоза, раздразливост или умор, се лажете! Тие и тоа како препознаваат кога се чувствувате лошо! Не можеме секогаш сите да бидеме расположени и падот на расположението и напливите на нервоза се сосема вообичаени. Меѓутоа, кога сме во состојба на хроничен стрес, тогаш сме склони на претерани емотивни реакции, па не ги гледаме работите такви какви што навистина се. Тоа може да доведе до бројни недоразбирања, непотребни расправии, па дури и караници.

Затоа, грижете се за себе и секојдневно одвојувајте барем половина час кога ќе ги опуштите мислите, ќе вдишете со полни гради и ќе ги наполните батериите за остатокот од денот. Не заборавајте дека кога сте среќни, тогаш сте им најкорисни на блиските.

Внатрешен мир

Немојте да се чувствувате виновни поради тоа што своите потреби ги ставате пред потребите на другите. Имате потполно право да си бидете приоритет и да се реализирате во секој поглед. Така ќе станете подобар човек, ќе ги освестите вашите интереси и потреби и ќе го најдете внатрешниот мир кон кој сите тежнееме.

Од страв не правите што сакате? Справете се со тоа на лесен начин
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.