Никој не би ѝ дал 74 години: Ѕвездата од сапуниците гордо ја покажала својата фигура во костим за капење!

Погледнете

Годините се само бројка за американската телевизиска ветеранка Сузан Лучи, а тоа го потврдила уште еднаш на Инстаграм со објавата на фотографии во бел костим за капење

Ѕвездата од американските сапуници не престанува да ја воодушевува јавноста со својот младешки изглед и завидна фигура. Дека гордото нагласување на линијата во костим за капење не ѝ е воопшто непознато, имала можност да го докаже во 2018 година, снимајќи необработен едиторијал за престижниот моден магазин Harper’s Bazaar.


Тајната на нејзината вита фигура, како што открила во една пригода, се крие во секојдневното вежбање пилатес, дисциплинираниот план за исхрана и повремените третмани со ботокс за зачувување на младешкиот изглед во седмата деценија од животот.

„Денес се чувствувам подобро одошто во 20-те и 30-те години од животот, физички може и уште подобро“, признала легендата од малите екрани во интервјуто за магазинот Harper’s Bazaar.

Нејзината нова фотографија во костим за капење, како што имала пригода да открие, ја забележал и нејзиниот долгогодишен сопруг Хелмут Хјубер, а како и обично, нејзините бројни обожаватели на Инстаграм ја искористиле можност за да ѝ дадат низа комплименти на сметка на изгледот.

„Она што го научив е дека мора да вежбате многу и посветено и на тој начин можете да надоместите дел од она што не оди во ваша корист. Луѓето често знаат да ме погледнат и да кажат дека не изгледам старо иако сум во зрели години. Ако си доволно силен, убав си, без оглед на годините“, изјавила еднаш.

Сузан Лучи има 74 години и тело од соништата: Тврди дека за нејзината вита фигура заслужна е само една навика!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.