„Алкалоид“ со нова кампања „Сатва“, која ја слави жената – самоуверена, достоинствена, еднаква!

Четири припаднички на понежниот пол од Алкалоид ја споделија својата професионална, но и лична приказна

„Алкалоид“ како компанија во која над 60 проценти од вработените се жени, во која еднаквоста на вработените е независна од полот и е дел од деловната култура на компанијата, по повод празникот на жената „8 Март“ одлучи да ја започне кампањата „Сатва“ (Sattwa) за да придонесе во подигнувањето на свеста за еднаквоста на жената во деловниот свет.

Токму преку примерот на дамите вработени во компанијата се потенцира улогата на жената во бизнис-заедницата. На овој начин, „Алкалоид“, како компанија, е вистински пример за поинаков пристап во одбележувањето на празникот на жените, а од друга страна, и јавноста има можност да ја спознае компанијата како деловна средина во која се почитува еднаквоста и се препознаваат вредностите на кадрите независно од полот.

Мотото на кампањата е „Самоуверена, достоинствена, еднаква“, а нејзиниот фокус се клучните пораки на секоја од индивидуланите приказни претставени преку четирите вработени дами, кои се носителки на кампањата.

Имено, базата на „Алкалоид АД“ во Скопје брои 1.832 вработени, од кои 1.127 се жени, а избраните четири дами од различни сектори во компанијата ја споделија својата професионална, но и лична приказна. Тие ги повикаа своите колешки и пријателки да ги споделат сопствените искуства во соочувањето со предизвиците и уривањето на предрасудите и комплексностите од своето секојдневие. Секоја од овие жени е самоуверена, достоинствена, и повеќе од еднаква!

Ова се нивните приказни:

САМО СО ВИСОКИ КРИТЕРИУМИ КОН НОВИ, ПОВИСОКИ ДОСТИГНУВАЊА

„Уште за време на студиите на Фармацевтскиот факултет, моја најголема желба беше да работам во „Алкалоид“. Така и се случи. Умешноста на селектирање и на креирање нови формулации за брендот Good Nature се дел од моето секојдневие, во кое несебично ги вложив своето знаење, искуство и експертиза. Креативноста и размената на идеи во компанија во која над 60 % од вработените се жени се катализатор на продуктивноста и на иновативноста во процесите. Поставените високи критериуми ме водеа напред кон нови, повисоки достигнувања. Во сите мои деловни потфати моја најголема поддршка е моето семејство.“

Маја Стефкова

Менаџер за истражување, развој и регистрации во сегментот Билкарство

СЕКОЈ ДЕН Е НОВ ПРЕДИЗВИК, А МОЈАТА ЦЕЛ Е ДА НАПРАВАМ ПОЗИТИВНА РАЗЛИКА

„На работното место секое утро доаѓам со позитивен став и со огромна желба да научам некоја нова вештина или да совладам нов предизвик. Во динамичното работно опкружување учам од искуството на другите, а како рамноправен член на тимот секогаш се трудам со својот придонес да направам позитивна разлика. Жената во бизнис-заедницата повеќе не е тема која предизвикува сомнежи. Жената во бизнис-заедницата покажа знаење и достоинство храбро да се соочи со предизвикот на рушење предрасуди.“

Теодора Јолакоска

Референт за бизнис-планирање, контрола и известување

ФОКУС, ДИСЦИПЛИНА, ПОСВЕТЕНОСТ И УПОРНОСТ

„Прецизноста, концентрацијата и дисциплината се главните одлики на мојот работен ден. За мојата работа потребен е максимален фокус и цврста желба за приспособување на динамичното секојдневие. Научив дека пред секој предизвик мора да застанам одлучно, а посветеноста и упорноста се максимите кои ме водат напред. Успеав да ги сплотам големината на својата улога во семејството и одговорноста во средината во која работам. Големината на својата мисла и на сопствениот глас во целина која ме прави повеќе од еднаква!“

Маја Лазарова

Раководител на Одделот за пакување лекови во ПЦ Фармација

ОДГОВОРНА, САМОУВЕРЕНА И ПОВЕЌЕ ОД ЕДНАКВА!

Комплексната проблематика на мојот делокруг на работење бара следење на најновите достигнувања во медицината и нивна примена во развојот на производното портфолио на „Алкалоид“. Излегувањето од зоната на комфорот и соочувањето со ситуациите во кои треба да застанам исправено, да поместам граници и да покажам став се дел од моето секојдневие. Вербата во себе, вложувањето во сопствениот напредок, истрајноста, посветеноста и можноста деловно да се надоградувам во средина во која се ценат моите способности му даваат тежина на секој епитет кој го носи жената денес, не само како колега туку и како мајка, сопруга, ќерка, пријателка…

д-р Сандра Чомовска-Мадевска

Раководител на Одделот за глобална фармаковигиланца

Овие четири дами, вработени во „Алкалоид АД Скопје“, ве предизвикуваат и вас. Нивните предизвици ќе се објавуваат последователно, на профилите на „Алкалоид“ на социјалните медиуми, во периодот од 5-ти, заклучно со 8-ми март, во насока на поттикнување и зголемување на виралноста на кампањата за поголемо вклучување на жените во предизвикот и за промоција на трите хаштази: #WomenEmpoweringWomen, #AlkaloidАDSkopje, #PoweredBySattwa

Концептот на предизвикот е следен, и ова е она што треба да го направите:

  • Објавете своја фотографија или видео со кои ќе го споделите својот личен пример за успех на кое било поле.
  • Означете барем две свои пријателки што се ваша инспирација и охрабрете ги да споделат свои искуства, користејќи ги хаштазите #WomenEmpoweringWomen, #AlkaloidАDSkopje, #PoweredBySattwa.

Предизвикот е отворен до 21 март 2021 година.

Среќно на сите и не заборавајте, секоја жена е самоуверена, достоинствена, еднаква!

Текст и фото: „Убавина и здравје“, ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.