Сузан Лучи има 74 години и тело од соништата: Тврди дека за нејзината вита фигура заслужна е само една навика!

Тајната на добриот изглед

Годините се само бројка, а тоа го потврдува актерката Сузан Лучи, која во осмата деценија изгледа феноменално

Со својот младешки изглед и одлична фигура во осмата деценија од животот, ѕвездата од американските сапуници не престанува да ја воодушевува јавноста.

„Денес се чувствувам подобро одошто во 20-те и 30-те години во животот“, признала во интервју за магазинот Harper’s Bazaar.


Со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм редовно споделува фотографии, а последната на која позира во костим за капење предизвикала многу коментари во кои го фалат нејзиниот изглед. Многумина се запрашале како ѝ успева да изгледа толку добро, а таа вели дека клучот е дисциплината и ништо друго.

Таа веќе со години вежба и се храни здраво. Секојдневно оди на пилатес, шета секој ден, а признала дека нема ништо против естетската хирургија.

Лицето го одржува младолико со повремени третмани со ботокс, признава таа.

„Она што го научив е дека мора да вежбате редовно и на тој начин можете да ги надоместите сите недостатоци. Луѓето често ме погледнуваат и велат дека не изгледам старо иако сум во зрели години. Ако си доволно силен, убав си без оглед на годините“, своевремено изјавила таа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.