Волшебен ориентален вкус: Оригиналниот турски сутлијаш е десерт за вистински сладокусци!
Вкус за паметење
Доколку сте љубители на сутлијашот, тогаш ова е вистинско време да пробате оригинален рецепт од Турција
Состојки:
- 6 шолји вода
- 2 шолји ориз
- 3 шолји млеко
- 15 сушени лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 пудинг од ванила
- цимет по желба
Приготвување:
Ставете вода на шпорет, па кога ќе зоврие, сипете го оризот и мешајте да не загори. Кога ќе биде речиси готов, додајте млеко, шеќер и ванилин шеќер. Кратко пред крајот, додека смесата сè уште е ретка во неа изматете го пудингот кој претходно сте го помешале со малку млеко. Оставете да зоврие еднаш, па тргнете го од рингла. Сипете ја смесата во мокри садови и додајте цимет по желба.