Дали се соочувате со чувство на вкочанети зглобови и мускули?

Бидете здрави и активни со помош на куркумин

Против вкочанетост во зглобовите и мускулите и против воспаленија, болки и повреди.

Дали вашите мускули и зглобови ги чувствувате вкочането еден ден по вежбањето или кога станувате наутро? Дали секојдневните активности, како што е качување по скали, извршување градинарски работи или пишување, се сè потешки поради чувството на вкочанетост на зглобовите и мускулите?

ПРИЧИНИ ЗА БОЛКА НА ЗГЛОБОВИТЕ И МУСКУЛИТЕ

Носење тешки предмети, напор од физичка работа или спортски активности, повреди или воспаленијата се можни причини за намалената мобилност и зголемено чувство на болка. Додека постарите луѓе се почесто погодени, младите исто така ги доживуваат овие проблеми, на пр. како резултат на продолжена имобилизација по повреди или интензивно вежбање.

ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ДА ГО НАМАЛАМ ЧУВСТВОТО НА БОЛКА?

Честото движење и вежбањето се клучни за намалување на чувството на болка во мускулите и зглобовите, како и за подобрување на флексибилноста. Тие помагаат при контракција на мускулите и тетивите и, што е најважно, ја олеснуваат дистрибуцијата на течноста во зглобовите, што е од суштинско значење за здрави зглобови. Течноста ги подмачкува, а зглобната ‘рскавица ја снабдува со потребните хранливи материи. Иако вежбањето може да биде болно во почетокот, тоа има важна улога во одржувањето и враќањето на флексибилноста. Здравата исхрана исто така придонесува за здрави зглобови и мускули  и организмот го снабдува со потребните хранливи материи. Храната богата со омега-3 масни киселини, калциум и витамин Е е особено корисна. Додатоци во исхраната, како и моќни природни состојки, како што е куркумата, може да помогнат на вашето тело да го обезбеди сето она што е потребно за да остане здраво и флексибилно.

КУРКУМА – ПРИРОДНА СОСТОЈКА

Куркумата не само што е популарен зачин во азиската кујна туку, исто, така се користи како хербален лек во традиционалната индиска и кинеска медицина илјадници години. Неодамна и западната медицина започна да ги препознава нејзините многубројни здравствени придобивки. Неколку студии покажаа корисни ефекти на куркуминот, активната компонента на куркумата, на воспалението и флексибилноста.

Антиоксидантни и антиинфламаторни дејства

Поради антиоксидантните и антиинфламаторните својства, куркуминот дејствува на чувствителноста на зглобовите. Тоа придонесува за зголемување на флексибилност на зглобовите, мускулите и тетивите и може да ја заштити ‘рскавицата. Истражувањата, исто така, покажаа корисни ефекти врз обновувањето на мускулите, на пр. по интензивно вежбање или спортски повреди.

БЕЗБЕДНА И ЕФИКАСНА АЛТЕРНАТИВА

Како природна алтернатива, куркумата е безбедна за употреба и има неколку несакани ефекти. Може да се користи подолг период без гастрични тегоби.

НО НЕ СЕ ИСТИ СИТЕ СУПЛЕМЕНТИ СО КУРКУМА

Прашокот од куркума слабо се ресорбира во цревата. Употребата на куркумата како зачин во исхраната не ги задоволува потребите за доволен внес во организмот. Затоа се потребни посебни формулации што го прават куркуминот, активната компонента на куркумата, подостапен за нашиот организам.

ЗА Flexofytol®

Flexofyol® e иновативна формула, биооптимизиран екстракт од куркума што ја зголемува биорасположливоста на стандардниот прашок на куркума повеќе од 2.700 пати. Овој екстракт, кој се содржи во Flexofyol®, ја зголемува ресорпцијата на куркумата, давајќи му целосна бенефиција на организмот од оваа компонента.

Фејсбук: Ewopharma Makedonija, www.ewopharma.mk

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.