5 знаци дека јадете многу шеќер

Треба да се знае

Дури и доколку не сте љубител на колачи и бонбони и пиете незасладен чај и кафе, тоа не значи дека не внесувате шеќер. Тој значително почесто се крие во готовите производи отколку во садот за шеќер. На пример, во колбасите, сосовите, па дури и во јогуртот и во лебот. Тоа значи дека треба да внимавате на количеството на оваа намирница во исхраната. Еве кои знаци укажуваат на тоа дека консумирате производи со висока содржина шеќер.

  1. Проблеми со кожата

Шеќерот, пред сѐ, негативно влијае на состојбата на кожата. Тој ги предизвикува хормоните да создаваат повеќе кожна маст, која ги затнува порите. А резултат се мозолчиња. Кога ќе го намалите внесот на шеќер и слатки, кожата ќе ви биде многу поубава.

  1. Постојани настинки

Задушувајќи го имунолошкиот систем, шеќерот ја влошува можноста на организмот да се штити од стрес и да им се спротивстави на компликациите од хроничните заболувања.

  1. Нагла промена на расположението

Општо е прифатено дека слаткото го подобрува расположението. Тоа навистина е факт, само што тој ефект трае само неколку минути. А потоа нивото на шеќер нагло опаѓа, а и расположението заедно со него. Поради таквите скокови се нарушува хормонската рамнотежа и организмот лошо се бори со стресот. Затоа колачите никако не ги намалуваат апатијата и депресијата, туку токму спротивно – на подолги патеки предизвикуваат немир и раздразливост. Но, расположението сигурно го подига – парче црно чоколадо.

  1. Сонливост

Нарушувањето на сонот често е поврзано со апсорпција на глукоза. Поради наглите скокови на шеќерот се јавува чувство на сонливост и умор прекуден, а се влошува ноќниот сон. На пример, за појадок испијте шолја засладено кафе со некој кондиторски производ. Тоа ќе ви даде голем прилив на енергија поради нагло покачениот шеќер и инсулин во крвта. А потоа неизбежно следува нагло паѓање на неговото ниво. И, како резултат на тоа, се јавуваат слабост и сонливост среде бел ден, кога би требало да сте најенергични.

  1. Често грицкање

Доколку постојно чувствувате желба за јадење, можно е во вашата исхрана да има многу прости јаглехидрати, а малку маснотии и белковини (токму тие се одговорни за чувството на ситост).

Треба да се знае

Секако, заклучокот е дека треба да се намали количеството на шеќер во исхраната, заменувајќи го со сложени јаглехидрати и маснотии. Сепак, комплетното откажување од слатки исто така негативно ќе се одрази на здравјето. Умереноста е клуч на успехот. Нормалното ниво на глукоза во крвта е помеѓу 3,3 и 5,5 ммол/л. Држете се до здравите навики, јадете повеќе овошје и зеленчук, физички активирајте се и редовно контролирајте ги крвната слика и шеќерот (барем еднаш годишно).

Извор: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.