„Наполнила 40 години, не умрела“: Овие познати дами не се грижат за стареењето!

Годините се само бројка

Постојат холивудски ѕвезди кои годините не ги загрижуваат

Во Холивуд жените не сакаат да остарат, па неретко подлегнуваат на многу естетски корекции и операции. Меѓутоа постојат и жени кои воопшто не се грижат за стареењето и кои своите години ги прифаќаат како нешто сосема нормално…

Бизи Филипс (40)

View this post on Instagram

She's 40, not dead.

A post shared by Busy Philipps (@busyphilipps) on

„Наполнила 40 години, не умрела!“, напишала оваа актерка под нејзината објава на Инстаграм, токму пред роденденот.

Гвинет Палтроу (46)

View this post on Instagram

🍨

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

„Не сум веќе во 20-тите и 30-тите, имам 46 години и ги обожавам моите 40-ти. Мислам дека неверојатната слобода доаѓа кога жената влегува во 40-тите. Тогаш сфаќате кои сте и не се грижите за тоа што другите мислат за вас!“

Риз Витерспун (43)

„Се чувствувам како да сум ги заработиле таа седа коса и убави брчки. Ги обожавам. Повеќе ги сакам овие години од оние кога имав 23. Сега имам став дека сум присутна на оваа планета 43 години и сега ги гледам работите потполно поинаку за разлика од тогаш кога имав 23. Сега имам многу искуство и можам со внимание да зборувам за промените што сакам да ги видам во светот.“

Синди Крафорд (53)

View this post on Instagram

Last night ❤️ @randegerber

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

„Причината зошто сакам да позирам гола е тоа што размислувам вака: Во кои години голотијата не е повеќе убава? Не изгледам исто како што имав 20 или 30 или 40 години. Но ако се грижиме за себе, зошто да не? Погледнав некои мои стари фотографии објавени во Плејбој и помислив: ‘Зошто постојано не сум шетала гола наоколу?’ Нема да станам помлада. Затоа сакам да го прославам тоа што сум денес!“

Шерон Стоун (61)

„Мора да седнете и добро да се загледате во себе, особено кога стареете и лицето ви се менува. Луѓето се плашат од промени, се чувствуваат како да губат нешто. Не сфаќаат дека исто така добиваат нешто. Мислев дека сум се изгубила во кањонот од брчки околу моите очи, но стекнав некој вид прекрасен понор. Ја изгубив исполнетоста на лицето, но добив големи јагодици. Не можам да ви објаснам колку доктори се обидуваат да ги продадат своите услуги лажејќи дека работеле на моето лице. Еднаш дури и ме наговорија да одам на пластичен хирург. Кога ја видов мојата слика си помислив: што ќе подигнат тие? Да, добро, сум остарела, но искрено мислам дека стареењето и несовршеностите понекогаш изгледаат навистина секси. Тоа е сензуално!“

Хелен Мирен (73)

„Најдоброто нешто од тоа да имаш 70 години е тоа што си ја преживеал 70-тата година. Се сеќавам на тоа кога имав 45 години и мислев дека нема да ги доживеам 70-тите години. Но во животот имаш две опции: или да умреш млад или да остариш. Идејата да умреш на 25 години е некако кул и романтична како Џејмс Дин. Но тогаш сфаќате дека животот е премногу интересен за да умрете.“

Дру Баримор (44)

„Четириесеттите се мои години. Сега чувствувам дека сум дошла на своето.“

Џенифер Анистон (50)

„Повеќе се забавувам од оној момент кога ги преминав 40-тите, во работна смисла, физичка смисла и во смисла на психотерапија!“

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време