7 тестови што треба да ги правите еднаш годишно: Вака се откриваат болести во почетна фаза – крвта покажува сè!

Здравјето на прво место

Ако навистина ви е важно вашето здравје, тестирајте се редовно и одете на систематски прегледи дури и ако немате алармантни симптоми

Анализите на крвта и специјалните тестови можат да ви помогнат да идентифицирате потенцијален проблем. Прочитајте кои се најважните прегледи и тестови за жени…

1. Шеќер во крвта

Покаченото ниво на глукоза (шеќер во крвта) служи како сигнал дека телото или не произведува доволно инсулин, хормон што ги снабдува клетките со шеќер, или не го користи правилно инсулинот. Покачениот шеќер во крвта може да укаже на развој на дијабетес или преддијабетес. Важно е еднаш годишно да ја проверите вредноста на глукозата, а уште почесто ако имате хипертензија.

2. Липиден панел

Липидниот панел ќе ја покаже содржината на холестерол и триглицериди за да се има претстава за ризикот од развојот на срцеви болести. Важно е да се тестирате еднаш годишно.

3. Тироиден стимулирачки хормон (ТСХ) и Т4 тест

Тироидната жлезда произведува хормони кои се одговорни за метаболизмот. Кај жените почесто се дијагностицира недоволна активност на тироидната жлезда (хипотироидизам) или обратно, нејзината хиперактивност (хипертиреоза) Тестовите ТСХ и Т4 ќе го покаже нивото на хормони за да се дознае како функционира тироидната жлезда. Симптоми на неправилна функција на тироидната жлезда се: замор, зголемен апетит, преосетливост на настинки, слабост на мускулите, кршливи коса и нокти, проблеми со килограмите.

4. Витамин Д (25-хидроксивитамин Д)

Витаминот Д е важен за цврстината на коските и други телесни функции. Повозрасните луѓе обично страдаат од негов недостиг.

5. Железо, витамин Б12, магнезиум

Овие супстанции и минерали се многу важни за нормалното функционирање на телото, па затоа корисно е систематски да се надгледува нивната застапеност.

6. Биохемиски тест на крвта

Овој тест вклучува бројни показатели: состојбата на електролитите и хидратацијата, работата на бубрезите, црниот дроб и крвните зрнца. Овие показатели треба да се надгледуваат поради акутни или хронични инфекции, анемија и проблеми со згрутчување на крвта.

7. Маркери за воспаленија: CRP и хомоцистеин

Ц-реактивниот протеин укажува на степенот на воспаленија во телото. Дури и непознатото зголемување на вредноста на CRP-то е поврзано со ризикот од болести како што се срцева патологија, депресија. Високото ниво може да укажува на физичка траума, емоционален или оксидативен стрес, интоксикација, алергии. Зголеменото ниво на хомоцистеин (ова е аминокиселина), укажува на веројатноста за мозочен удар и кардиоваскуларни болести, способноста за отстранување токсини од телото и создавање невротрансмитери.

Лицата со оваа крвна група имаат највисок ризик од срцев удар
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.