Лицата со оваа крвна група имаат највисок ризик од срцев удар

Според резултатите од истражувањето

Според едно ново истражување, вашата крвна група игра голема улога дали сте склони на срцев удар или не. Имено, резултатите покажале дека лицата со рвта група А се најзагорзени.

Кога зборуваме за срцевиот удар, луѓето кои имаат крвна група А сепак се најзагрозената група со дополнителни 11 отсто шанси за развој на срцев удар. Според стручните портали, срцевиот застој и срцевиот удар се форми на срцеви заболувања, но застојот обично се развива постепено, додека срцевиот удар се настапува веднаш.

Според Европското здружение за кардиологија, зголемените шанси за развој на овие состојби кај сите крвни групи, освен 0 може да бидат затоа што се подложни на развој на згрутчување на крвта. Научниците открија дека можеби работата е во тоа што овие крвни групи се носители на протеин кој е поврзан со формирање на згрутчувања во крвта.

Ова беше потврдено со друга студија годинава, според која луѓето со крвни групи А и Б имаат 44 отсто поголеми шанси да доживеат тромбоза.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.