„Фигурела“ со новитети – Солариум кој не ја отшетува кожата и апарат кој е единствен и ефикасен против целулит

По теркот на светските трендови, конечно и во Македонија нешто ефикасно и квалитетно!

Нејзиното име е Наташа Петровска. Повеќе од пет години е сопственичка на студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“, бренд кој цели 40 години успешно функционира во светски рамки. Освен што може да се пофали со успешна професионална кариера и важи за една од ретките жени која успешно плови во светот на менаџирањето, Наташа истовремено плени со убавина и сосема оправдано го носи епитетот една од најубавите жени во Македонија. Нејзиното тело е резултат на напорните вежби и тренинзи во „Фигурела“, а сега за сите читателки на „Убавина и здравје“ реши да открие повеќе детали за својата работа, и премиерно да ги претстави новитетите кои од неодамна ги донесе во нејзиното студио, а тоа се смарт солариумите кои се нова генерација на солариуми кои не ја оштетуваат кожата, како и апаратот „Ендосфера“ кој за прв пат Наташа го донесе во Македонија, а е единствено и најдобро решение во борбата со целулитот и обликувањето на телото.

 

Зошто „Фигурела“ е еден од најбараните, но и најдобри методи за слабеење?

 

„Фигурела“ е бренд на естетски центри низ целиот свет кој успешно функционира веќе над 40 години . „Фигурела“ е целосно природен и здрав метод за слабеење кој има за цел да даде реални резултати и при тоа клиентот добива писмена гаранција за резултатот кој што го очекува. Ги решава одлично физичките проблеми , помагајќи му на организамот да се врати во рамнотежа со помош на сопствените средства за само-реконструирање . Без користење на никакви состојки непознати на организамот и кој би го иритирале внатрешно и надворешно предизвикувајќи негативна реалција на истиот . Системот за природна реактивација на ензимите му овозможува на организамот , прекуобновената функционалност на ензимите, да ги реши проблемите со промена на обемот и промени на метаболизмот на сигурен и природен начин кој трае низ времето . Графиконот на xоландскиот научник Вант Xоф покажува дека алтивацијата на ензимите кои се одговорни за топење на масните наслаги се активираат на температура од 36 и 37 степени , што е нормална температура на човековото тело . Со методот „Фигурела“ се предвидува да се регулира температурата на деловите од телото каде што е пониска и со тоа да се поврати нормалната активност на ензимите.

 

Дека работите вредно доказ се и акциите кои секојдневно ги организирате за вашите клиенти.  Што во моментов е актуелно?

 

Во моментов се актуелни новите содржини што ги вметнавме во нашето студио. Најново и најактуелно е новиот апарат „Ендосфера третман“ . Ендосферата е најпопуларниот метод за елиминирање на целулитот, топење на маснотии, исфрлање на вишокот течности, токсини, и е поприлично погоден за лимфна дренажа. Веќе по првиот третман, задникот е затегнат, кората од портокал е намалена и мускулите се зајакнуваат. Можеби звучи неверојатно, но навикнати сме да ги нудиме најдобрите услуги на нашите клиенти, така што резултатите ќе бидат брзо видливи и што е најважно – третманите не се болни и инвазивни, ова морам да го нагласам. . Стотици козметички и други салони ширум светот го користат за естетски и здравствени цели, што сведочи за неговата сигурност и успех, а оваа услуга сега е достапна и кај нас.

 

Паралелно со методот „Фигурела“, во вашето студио може да се најдат и солариуми кои што се единствени од тој тип кај нас. По што се специфични, ќе можете ли да ни кажете нешто повеќе за нив?

 

Солариумите кои ги имаме во нашето студио нескромно можам да кажам дека се најдобрите солариуми во светот. Нова генерација на солариуми која темнее без да ја оштетува кожата. „Смарт Солариум“ дизајнира и произведува професионални солариуми од 1981 година, со мисија да ги добие најефикасните и најнапредните уреди во светот. „Смарт солариум трон“ кој го имам во мојот салон е напреден уред кој ви овозможува да направите тен, колаген или комбинирана сесија. Со неговиот електронски селектор можете да направите третман со фотобиомодулација (стимулација на колаген) проследен со УВ третман. Овој начин ќе донесе подобар тен и поприродна боја, благодарение на ефектот на регенерација на светлината со бранова должина од 633 нм. Исто така можете да направите третман на колаген по сесијата за сончање, за да го спречите и поразите фото-стареењето на кожата. Вие сте и дистрибутер за истите овие солариуми во неколку земји од регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

Како и на кој начин можат да ве контактираат сите оние кои што се заинтересирани за продажба?

 

Сите заинтересирани за купување на ваквите солариуми можат да не контактираат преку нашата маил адреса office@smartsolarium.info или пак да добијат дополнително инфо и информации на нашата Инстаграм страница – @smartsolarium_balkan или пак на нашиот телефонски број – 078 221 661

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.