6 симптоми што укажуваат на чир на желудникот: Обрнете внимание на ова!

Здравјето е најважно!

Дознајте кои симптоми укажуваат на чир на желудникот

Кога ќе се појават првите симптоми на чир на желудникот, неопходно е веднаш да реагирате и да започнете со лекување, бидејќи оваа состојба може многу да влијае врз квалитетот на животот.

Лекарите напоменуваат дека чирот на желудник кај некои пациенти се појавува без воочливи симптоми. Сепак, кај повеќето постои непријатно чувство во стомакот и болка.

„Чирот на желудник може да биде предизвикан од разни фактори, вклучувајќи и инфекција. Јаките лекови против болки, пушењето и консумирањето алкохол, стресот и зачинетата храна можат да го зголемат ризикот од појава на чир“, рекол индискиот лекар Аниш Десаи и ги навел симптомите што не треба да се игнорираат.

6 симптоми што не треба да ги занемарите

1. Силна болка во горниот дел од стомакот – обично се појавува помеѓу папокот и градната коска.

2. Мачнина – чирот влијае врз хемискиот состав на течноста за варење, предизвикувајќи мачнина наутро.

3. Необјасниво повраќање – мачнината поради чир може да доведе до повраќање.

4. Крв во столицата – појавата на крв во столицата проследена со болки во стомакот, исто така, е знак на чир.

5. Жиговина по јадење – чирот може да предизвика зачестена жиговина или силна болка во градите по секој оброк.

6. Губење апетит – пациентите со пептичен улцер јадат помалку храна, повраќаат и многу често губат тежина без очигледна причина.

6 најрани симптоми на рак на желудникот: Вака телото испраќа знаци дека во организмот се развива опасен тумор!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.