Најсовремените третмани и апарати за убавина и здравје во „Жан Митрев Клиник“

22 години врвна медицинска нега

Мастопексија успешно се изведува во Клиничката болница Жан Митрев десеттина години наназад, а апаратите FotoFinder и Ultherapy се достапни единствено во „Жан Митрев Клиник“

Мастопексија-хирургија за редукција и подигање на гради

Кога зборуваме за естетика на женски гради, вообичаено првото што ни паѓа на ум е зголемување на градите. Но, добро е да се знае дека постои и опција за намалувањена големината или подигање на градите. Станува збор за процедура која припаѓа на пластичната хирургија, а се изведува со цел намалување на обемот на градите кај жени кои имаат потреба од тоа.

Имено, со оваа хируршка процедура се постигнува пропорционалност во изгледот на телото, при што самите гради се доведуваат во соодветна големина со останатиот дел од телото. Исто така важно е да се знае дека после процедурата не се губи од сензитивноста и функционалноста на ткивото на дојките, односно возможна е лактација – доење.

Причините поради кои една жена може да посегне кон оваа процедура може да бидат од различна природа и тоа: физички, естетски и физиолошки – враќање на идеалната форма на жената, подобрување на сопствената слика за себе и менталното здравје исто така.

Жените со овој проблем страдаат од хронична болка во грбот, вратот и рамената која е предизвикана од самата тежина на градите; имаат проблеми со дишењето; имаат полоша циркулација; страдаат од кожни инфекции (во пределот под градите); неможност да најдат соодветен градник и облека; неможност да се занимаваат со спорт и воопшто имаат проблеми со квалитетот на живот.

Жените развиваат поголеми гради особено во периодот на пубертет, но овој проблем може да се јави и после бременоста и доењето, по нагло зголемување на телесната тежина или во менопауза.

Решението за овој проблем е хируршката редукција која се одвивa преку обратен Т рез (форма на сидро) по должина на секоја од дојките, при што се отстранува вишокот на масното ткиво и кожа и се прави репозиционирање на брадавицата. Резот е по должина на самите мамили (млечни жлезди) и под преклопот на градите, што го прави невидлив и прифатлив од естетски аспект.

По оваа интервенција, потребен е болнички престој во траење од два до три дена, по што пациентката се пушта на домашно заздравување со препорака за носење на елстичен градник за подигање на дојките уште еден месец.

Иако резултатите се видливи веднаш, сепак треба да се има предвид дека е потребно врме за да се повлечат и заздрават отокот и хематомите. Финалниот резултат е траен, со можни мали варијации зависно од годините и телесна тежина (дебелеење/слабеење).

Оваа интервенција е контраиндицирана кај жени чиј мамограм покажал неевалуирана неоплазма, жени кои дојат и хипертрофија која е примарно причинета од наголемување на млечните жлезди.

Мастопексија успешно се изведува во Клиничката болница Жан Митрев веќе десеттина години наназад. Операцијата ја извршува академик д-р Жан Митрев со својот стручен тим.

Доколку ви е потребна консултација и мислење слободно закажете термин на 02/3091-484.

FotoFinder – единствениот апарат со вештачка интелигенција за рано откривање на канцер на кожа преку комплетно мапирање на кожата

ФотоФајндер обезбедува врвна технологија која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки. Со ултра брзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција, заштедува време, а контролите на кожата ги подига на сосема ново ниво на квалитет. Самиот преглед е безбеден бидејќи се случува на оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6м што е особено важно во време на Covid-19.

Благодарение на модуларниот дизајн, функционалноста на FotoFinder може да се прилагоди на поширок опсег на услуги во секое време, без разлика дали се работи за дермоскопија, фотографирање на целото тело, консултација за коса (трихоскопија), капилароскопија или естетика.
Апаратот е достапен само во Клиничката болница Жан Митрев која континуирано вложува/инвестира во најновата технологија со цел да овозможи прецизна дијагноза и соодветен третман за своите пациенти.

Ultherapy

Поттикнете производство на колаген со Ultherapy®

Ultherapy® е ,,златниот стандард,, кога станува збор за нехируршки лифтинг и затегање на кожата согласно начинот на функционирање, големиот број на клинички докази и високото ниво на задоволство на пациентитие. Секако тука се бројните награди кои ги освојува секоја година во својата категорија како резултат на мислењата на релевантни медицинари експерти и естетичари.

Предностите на Ultherapy®:

  • нехируршки третман
  • го стимулира производството на колаген
  • дава природни резултати
  • еднократна постапка

Ulthera пренесува ултразвучна енергија на истиот слој на кожа што хирурзите-пластичари обично ја третираат со хируршки зафат. Со Ultherapy® ефектот се постигнува без сечење на површината на кожата. Токму оваа енергија ја активира природната реакција на телото за да го стимулира формирањето на свеж, нов колаген и да го зајакне слабиот колаген. Некои пациенти забележуваат ефект веднаш по третманот, но вистинските резултати се покажуваат после 2-3 месеци. Создавањето на колаген постепено ја затегнува и ја измазнува кожата на лицето и вратот и деколтето. Во споредба со ласерот, радиофреквенцијата и другите технологии, Ultherapy® продира под површината на кожата пренесувајќи оптимална енергија, температура со огромна прецизност во длабочината на кожата. Ultherapy® има уникатна визуелизација со ехо што овозможува ултразвучната енергија да се пренесува безбедно и на начин кој е најефикасен и каде што е најпотребно. Ultherapy® е интересна алтернатива за оние кои не се подготвени за операција и за пациентите кои сакаат да ги подобрат ефектите од естетската хирургија.

Ultherapy®веќе достигна 2 милиони третмани ширум светот a достапно во Македонија единствено во Клиничката болница Жан Митрев.

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.