За енергија и концентрација: Нови производи на ВИТАНА полни со витамини и без додадени шеќери!

Пробајте ги!

Достапни се во продавницата на „Витана“ во „Ист Гејт“, онлајн на www.vitana.mk и во сите ВЕРО маркети

Уживајте во прекрасните оброци со вкусните производи на ВИТАНА, кои се богати со витамини, а не содржат додадени шеќери. Ќе забележите значително зголемување на енергијата и подобрување на концентрацијата, без да мора да се откажувате од вкусната храна. Побарајте ги во продажното место на „Витана“ во „Ист Гејт“, онлајн на www.vitana.mk и во сите ВЕРО маркети. Во продолжение дознајте нешто повеќе за нивните врвни производи…

ГРАВИТАНА – совршено крцкав микс на внимателно одбрани состојки

Ајде сите заедно да ја лансираме ракетата на ГРАВИТАНА! Со секој оброк ГРАВИТАНА добивате доволно енергија од : витамини, протеини, минерали, здрави масти, растителни влакна, јаглехидрати за да може да полетате во вселената!

Гравитанае создадена по оригинален рецепт , со многу љубов и внимание за да се добие совршениот крцкав микс на внимателно одбрани здрави состојки. Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали како и растителни  протеини со многу неверојтани придобивки за здравјето. И Најважното од се’ – НЕМА додадени шеќери и НЕ СОДРЖИ палмино масло.

Гравитана со својот органски состав претставува неверојатна комбинација за одлично избалансиран оброк. Појадокот е најважен оброк во текот на денот, па затоа една порција гранола ќе ви даде доволно енергија и ќе ги задоволи сите хранливи и нутритивни потреби на вашето тело за активен ден.

Употреба

Потопете 50 гр гранола во 100-120 мл млеко по избор и  уживајте во прекрасниот и здрав оброк. Може да се користи и како додаток во најразлични појадоци, чиа пудинг или во вашето енергетско смути. Со гранолата можете многу лесно и брзо да подготвите здрав и избалансиран оброк за целото семејство. Уживајте во прекрасниот оброк!

*Во секоја кутија ГРАВИТАНА добивате ПОДАРОК БОЕНКА!

ГРАНОЛА СО ОРГАНСКИ КОКОСОВ ЧИПС

Гранола со над 92% Органски состојки:

  • Органски овесни снегулки 37%
  • Oргански киноа снегулки 17%
  • бадеми 8%
  • Органски кокосов печен чипс 14%
  • Органски оризов сируп 15%
  • Органско сончогледово масло.

Алергени: Јаткасти плодови (Бадеми) , кокос.

Како и зошто се добри?

Киноа снегулките едноставно се механички сплескани зрна од киноа. Одлични се за појадок и соодветни за секаков вид диети. Киноа снегулките ги имаат сите придобивки кон здравјето како и киноа зрната со попозната текстура за појадок и побрзо време за припремање. Таа е супер храна со високи количества нерастворливи растителни влакна и протеини. Киноата има капацитет да го зголеми чувството на заситеност по оброците, а сепак е лесна за варење во желудникот.

Овесните снегулки содржат високи количества минерали и растителни влакна, тие имаат и многу придобивки за здравјето.Содржат минерали и витамини меѓу кои се манган, молибден, фосфор, бакар, магнезиум, хром, цинк, калиум, калциум, Б витамини, фолна киселина, пантотенска киселина, колин и витамини К и Е. Појадокот составен од овесни снегулки помага за стабилизирање на нивоата на шеќер во крвта.

Кокосовиот печен чипс со неговата мала и слатка димензија освен што има неверојатен вкус, има и многу бенефити за човечкото здравје. Со редовна употреба, метаболизмот на човекот се нормализира и се намалува количеството на холестерол во крвта. Позитивно влијае на зголемување на енергијата, концентрацијата и допринесува за подобро памтење и вид.

Бадемите се природна супер храна. Со своите хранливи материи и содржината на здрави масти во нив , тие можат да помогнат на луѓето од сите возрасти да одржуваат силно и ефикасно тело и бистар ум. Обезбедуваат високо ниво на ситост, дури и ако се јадат по малку. Тие се едни од најдобрите извори на витамин Е, магнезиум , содржат многу протеини и здрави масти.

КРЦКАВ ПУТЕР ОД КИКИРИКИ

Кикириките сами по себе изобилуваат со многу здрави масти и протеини. Путерот од кикирики доколку се консумира во умерени количини , со своите хранливи материи може да му придонесе на вашето тело со  многу значајни здравствени придобивки. Изобилува со витамин Е , минерали, витамин Б3 и мнооогу здрави масти и протеини. Путерот од кикирки може да влијае на регулирање на шеќерот во крвта затоа што го  одржува стабилно нивот на шеќер во крвта во текот на денот доколку се консумира за појадок. Влијае на  намалување на нивото  холестеролот во крвта. Кикириките иако спаѓаат во намирници кои содржат висок број на масти и калории, сепак тие содржат здрави масти, омега 6 масни киселини и антиоксиданти кои   може да делуваат превентивно на срцевите заболувања и да  го намалуваат холестеролот и триглицеридите , без покачување на телесната тежина. Кикириките/путерот од кикирики со своите антиоксиданти може да има антивоспалително и антиканцерогено дејство.

Употреба

Крцкавата и здрава тесктура го прави совршен за секојдневна употреба. Директно од лажица е најдобрата употреба поради неговиот фантастичен вкус. Одличен додаток во секој здрав оброк, смути или овесна каша. Осигурајте се дека никој не е алергичен на кикирики пред да го консумирате. Уживајте во прекрасниот оброк!

ПУТЕР ОД ЛЕШНИК И МЕД

Совршена комбинација на две од најздравите намирници во светот:

  • Кремаста структура
  • Без додадени шеќери
  • Не содржи палмино масло
  • Одличен извор на здрави масти и протеини
  • Богат со антиоксиданси, витамини и минерали

Лешниците и медот се преполни со хранливи материи, вклучувајќи витамини, минерали, антиоксиданси и здрави масти. Магичната комбинација на две од најздравите намирници во светот ја прави совршена за секојдневна употреба. Директно од лажица е најдобрата употреба поради неговиот фантастичен вкус!

Пробајте ги!

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.