„Често го сонувам покојниот Шабан“: Гордана Шаулиќ ја отвори душата, највеќе жали што пејачот не го дочека ова…

Тажно...

Легендарниот Шабан Шаулиќ трагично го загуби животот во фебруари 2019 година, а спомените за него ќе живеат вечно.

Неговата сопруга Гордана Шаулиќ не може да се помири со големата загуба, а сега прозборе за него со тага во гласот.

„Поради неговата популарност нашиот живот секогаш беше транспарентен,  дури и повеќе од тоа што сакавме, кај нас нема тајни, нашето семејство е тоа што е, брод без кормирал, но ние одиме понатаму – рекла Гоца, па открила дека Шабан и се јавува во соновите.

„Често го сонувам мојот покоен сопруг Шабан, но тоа се сега некои интимни работи не би сакала да ги споделам со јавноста. Секој кој некого загубил има такви ноќи кога му се појавуваат луѓето кои му го одбележале неговиот живот, а јас и Шабан сме биле 40 години заедно и тоа е нормално – објаснила таа за српски „Ало“, па истакнала колку жали за тоа што пејачот не успеал да ја запознае правнуката.

„Нашиот внук Лука доби ќерка, жал ми е што Шабан не дочека да ја види својата правнука, но јас ја сакам и за него и за мене. Таа е едно преслатко девојче, личи на мама и тато, наскоро полни година дена и многу сме среќни поради тоа. Инаку таа не е многу комплицирана, скоро зачекори и пред неколку дена стигнаа во Србија, бидејжи живее во Холандија, каде што игра Лука фудбал. Радости некои доаѓаат во животот, бидејќи после тага доаѓа и нешто убаво – заклучила Гоца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.