Заштитете се од настинките и вирусите на природен начин со Тулси

Моќна билка која ја засилува имунолошката функција на организмот

Тулси е една од најпочитуваните билки во ајурведската медицина која поради своите многубројни лековите својства се смета за „еликсир на животот“. Ова растение е особено ценето поради својата способност да ја засилува имунолошката функција, особено кај децата имладите, кои често се изложени на вируси и настинки во градинките или училиштата. Тулси има различни есенцијални масла кои ефикасно делуваат врз респираторниот систем во борбата против загадувањето. Кога се комбинира со билката Куркумин или со други ајурведски производи, Тулси нуди уште посилна заштита против вирусите, алергиите и настинките.

НАЈЗНАЧАЈНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА ТУЛСИ:

1. ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ

Тулси содржи бројни антиоксиданти, витамини и минерали кои се клучни за поддршка на имунолошкиот систем. Овие состојки помагаат во неутрализација на слободните радикали кои можат да предизвикаат клеточни оштетувања и да го намалат имунитетот.

Моќта на Тулси е уште поизразена во комбинација со билката Куркумин, која е позната по своите моќни антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Оваа комбинација значително ја засилува имунолошката поддршка особено кај децата и младите, обезбедувајќи им јак и ефективен имунолошки систем.

*ПРЕПОРАКА: За брзо и ефикасно ослободување од грипот, земете ги капсулите Тулси на Планет Ајурведа, каранфилче и малку сол. Зовријте ги во 1/2 литар вода додека не остане само половина од водата и испијте го лекот како пијалак.

2. ЈА НАМАЛУВА ВИСОКАТА ТЕМПЕРАТУРА

Оваа билка е особено ефикасна за намалување на високата температура на телото. Се консумира по една таблета Тулси на секои три часа.

3. ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА ДИШНИТЕ ПАТИШТА

Тулси мошне ефикасно го подобрува функционирањето на респираторниот систем. Помага во заздравувањето на речиси сите видови респираторни нарушувања како бронхитис и други заболувања на дишните патишта.

4. БОГАТ ИЗВОР НА ВИТАМИН К

Витаминот К е важен елемент кој игра значајна улога во здравјето на коските и срцето. Тој помага во одржување на функцијата на мозокот и здравиот метаболизам, особено кај децата и младите.

5. ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ

Тулси помага во подобрување на дигестивниот систем и го поттикнува варењето на храната со лачење на дигестивни ензими.

6. ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА ЗАБИТЕ

Тулси има моќ да се бори против бактериите што се развиваат во усната шуплина кои доколку не се третираат навреме доведуваат до проблеми со забите како што се забен камен, кариес и лош здив.

*ПРЕПОРАКА: Капсулите Тулси измешајте ги со масло од семе од синап и направете паста. Користете ја како паста за заби која помага за одржување на доброто здравје на забите и масирање на непцата.

Употребата на Тулси без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Важно: Информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.