БОГАТСТВО: Сопругот на Николина Пишек имал часовници вредни 4 милиони долари!
Пасија!
Покојниот уметник Видоjе Ристовиќ поседувал вредни слики, накит и уметнички дела. Тој бил еден од најстрасните и најголеми колекционери на часовници и давал огромни суми пари за да ги има најскапите и најретките модели, чија вредност на пазарот достигнувала неколку стотици илјади евра, пишува српски „Курир“.
А сега следува вистински шок – според медиумите, вкупната вредност на неговата колекција изнесува четири милиони долари.
View this post on Instagram
На Инстаграмот на покојниот Ристовиќ може да се видат фотографии на кои позира со часовници од најлуксузните светски брендови, како „Ролекс“, „Ричард Рил“ и други.
Цените на часовниците кои ги носел на раката вредат милион долари. Еден AP часовник е произведен во само неколку примероци, се карактеризира со алка од алигаторска кожа, и механизам со дијаманти.