Николина Пишек: „Кога би можела да го вратам времето повторно би се омажила за Видоје, ама би барала предбрачен договор“!

Искрено...

Николина Пишек вели дека би потпишала предбрачен договор, но и „некои други“, кога би можела да го врати времето.

„Мојот брак со Видоја не беше идеален, но кој брак е? Имавме заеднички преубави моменти, исто и такви малку потешки. Кога би можела да го вратам времето, повторно би се омажила за него, но овојпат би побарала договор. Не само предбрачен туку и некои други кои ќе треба да се испочитуваат. Не можеш како сопруг да ме ставиш во некои неизвесни работи ако утре нешто се случи. Кога ќе влезете во заедница, кога одлучите дека сакате деца и кога ги добиете, тогаш треба да работире заедно за интерес на детето. Работите треба да се стават на хартија. Луѓето затоа користат адвокати, затоа тие постојат“ – рекла Николина во една емисија.

„Го наследив тој кредит и сега го враќам на време. Добро заработувам, па се трудам да ги исполнам обврските на време. Се снајдов, а кога Видоје умре, немав денар. Некогаш одбивав работи бидејќи живеев во изобилие, а откако почина, трчав да работам било што само да заработам. Денеска некако дојде се на свое, но за тоа велам, жената треба да се осигура пред бракот“ – истакнала таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.