„Срам ми е“: Николина Пишек се огласи по повод откажувањето на концертот на Саша Ковачевиќ во Хрватска, еве што му порача! (ФОТО)

Јавно го поддржа!

Откажан е настапот на Саша Ковачевиќ во Хрватска, односно во место кое се наоѓало блиску до Задар.

И додека Александра Пријовиќ ја распродава и петата Арена во Загреб, помал број настапи на српски изведувачи беа откажани овие денови во Хрватска.

По тој повод се огласи и водителката Николина Пишек, која изјавила дека се срами од ова што се случило.

„Ако нешто посебно тешко ми падна во овој музички лов на вештерки, тоа е откажувањето на концертот на Саша Поповиќ. Дури и ми е срам, бидејќи Саша е човек кој секоја мајка би го посакала за зет. Пристоен, образован, успешен, талентиран, драг, уреден, педантен, елоквентен, спортист, инзвореден вокал и автор, што не чини? Жал ми е. Првиот следен концерт, каде и да биде, јас ќе идам.“ – напишала Пишек на Инстаграм.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.