Јована Јеремиќ лee солзи поради Неда Украден: „Сакав ќерка ми да има татко кој многу го сака“

Не можеше да се воздржи

Водителката Јована Јеремиќ во утринската програма ја угости пејачката Неда Украден, која како никогаш досега зборуваше за својот живот, но и за разводот со познатиот режисер Милан Билбија.

Пејачката во оваа пригода толку си ја отвори душата што Јована заврши со солзи во студиото на Пинк.

Неда призна дека му го оставила станот на поранешниот сопруг Милан Билбија во кој со години инвестирала, а за сето тоа имала посебна причина.

Јас сум единствената жена која на својот сопруг му оставила стан. Судот ми го додели детето. Вложував од секој настап. Секој развод е грд, имаше страшни зборови, но треба да се задржи достоинството заради детето. Останавме пријатели засекогаш, никогаш не би кажала лоши работи за него, иако неговите маани ги знам подобро од кој било. Тој беше многу добар човек, интелектуалец во свет во кој беше на сила примитивизмот. Кога се прежени, доживеа траума, несреќа, 40 дена беше во кома. Му помогнав со сите средства, сакав ќерка ми да го има таткото што толку многу го сака – искрена беше Неда, по чии зборови Јована се расплака во студиото, па го прекина разговорот за да се смири.

Колку убаво, навистина ме расплакавте, колку сте прекрасна. Ве разбирам комплетно – низ солзи изјави водителката.

Фото: Printscreen

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.