Познатиот актер се ожени со девојка со тежок деформитет: Им предвидуваа развод, но нивната љубов ги урива сите предрасуди

Љубовната приказна на холивудскиот актер Руперт Френд и Ејми Малинс е доказ дека љубовта не познава граници. На прв поглед, секој би рекол дека е лесно да се заљубиш во убава русокоса, но нејзиниот недостаток е она што ја прави посебна, а Руперт уште еднаш потсети дека заљубеното срце воопшто не го гледа она што многумина веднаш го доживуваат како сериозен недостаток.

Имено, сопругата на славниот актер, Ејми Малинс, е родена без тибијална коска на потколеницата, поради што ѝ биле ампутирани двете нозе само една година по раѓањето. Докторот потоа им кажал на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да оди или да живее самостојно.

Сепак, тој не беше во право, бидејќи не само што оди, туку стана и успешна спортистка.

Ме правиш да изгледам како лажго, на шега ѝ рекол истиот доктор кога го посетила пред неколку години.

Ејми почнала да трча во младоста, благодарение на што добила целосна стипендија за Универзитетот Џорџтаун, а во 1996 година се натпреварувала на Параолимписките игри во Атланта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)

Својата професионална спортска кариера ја заврши во 1998 година и почна нова кариера на модел. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин. Модниот гениј сакаше да испраќа неконвенционални модели на пистата и ја шокира публиката кога Ејми се појави на неговото шоу за модната куќа Живанши со резбани дрвени протези направени специјално за таа пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)

На филмскиот свет не му требаше многу време да ја забележи. Таа го сними својот прв филм Cremaster 3 во 2002 година и играше шест различни ликови во него. На крајот, нејзината актерска работа ја спои со Рупет Френд.

Во мај 2013 година, договорија средба поврзана со идниот филмски проект на Руперт и се сретнаа во 18 часот во мало бистро во Њујорк. Толку многу уживале во разговорот што останале до раните утрински часови, а келнерите морале да ги „избркаат“ од локалот поради затворање.

Набрзо сфатиле дека се создадени еден за друг, а љубовта ја крунисаа на интимната венчавка на 1 мај 2016 година. Освен младенците, на церемонијата беа присутни само кумовите, а еден од нив беше најдобриот пријател на Руперт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)

Иако на парот често му предвидуваа развод, велејќи дека тој може да избере убавици, тие сепак уживаат во љубовта како првиот ден.

Се венчавме на прекрасна фарма. Врнеше дожд. Беше совршена венчавка. Потоа отидовме на билијард, откри Руберт во едно интервју.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.