10 симптоми на болести на тироидната жлезда: Ова сите би требало да го знаеме!

Внимавајте

Многу често, луѓето на одредена возраст почнуваат да имаат проблеми со тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за регулација на метаболизмот во телото. Таа одредува колку брзо ќе согоруваме калории и колку брзо ќе ни чука срцето, а исто така воспоставува и хормонска рамнотежа во телото.

Трите најчести болести поврзани со тироидната жлезда се хипотиреоза, хипертиреоза и создавање таканаречени нодули во овој орган. Секој проблем ги погодува органите на различни начини, меѓутоа имаат некои заеднички симптоми што може да послужат како предупредување.

10 најчести симптоми на болести на тироидната жлезда што сите мора да ги знаеме…

Замор

Ако чувствувате замор, иако сте спиеле 8 до 10 часа, тогаш најверојатно имате проблем со тироидната жлезда.

Нагло губење или качување тежина

Ако нагло сте се здебелиле, тоа може да биде знак на хипотиреоза, а ако нагло сте изгубиле килограми тоа може да укаже на хипертиреоза.

Промени на расположението

Ако одеднаш почнете да чувствувате анксиозност и необјаснива меланхолија што потсетува на депресија, тоа може да биде знак дека тироидната жлезда не работи како што треба.

Болка во разни делови од телото

Ненадејна болка во мускулите, зглобовите, тетивите, може да укажува на хормонско нарушување.

Проблеми со репродуктивниот систем

Хормонската неурамнотеженост може да предизвика проблеми со зачнувањето, силни менструации, но и намалување на сексуалната желба.

Студ

Ако често ви е ладно, односно рацете или нозете ви се студени, тоа може да е знак на лоша работа на тироидната жлезда.

Проблеми со косата, кожата, ноктите

Сувата кожа, губењето коса и испуканите нокти се вообичаени симптоми на хипотиреоза.

Констипација

Забавената работа на метаболизмот е тесно поврзана со проблеми со тироидната жлезда.

Когнитивни проблеми

Лошото помнење, лошата концентрација и слично, се сигнали дека штитната жлезда не функционира како што треба.

Грло/глас

Ако имате проблеми со тироидната жлезда, најверојатно жлездите се отечени што може да предизвика болка во грлото, рчење и слично.

Ако имате поголем број од овие симптоми, не одолговлекувајте повеќе и навреме одете на доктор за да почнете со соодветно лекување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.