Смртта на Британи Марфи до ден денес е една од најголемите мистерии: Испливаа нови бизарни теории за трагично починатата актерка!

Ја интригира јавноста и по 10 години

Целиот свет бил шокиран кога во 2009 година се појавила веста дека младата актерка починала

Трагично починатата ѕвезда од филмот „Град на гревот“, Британи Марфи, ќе можела да преживее ако нејзината мајка викнела брза помош малку порано.

Имено, актерката толку панично се плашела од папараци што одбивала медицинска помош, а мајка и’ Шерон ги викнала болничарите дури кога било предоцна.

Актерката починала пред десет години, а нејзиното тело го нашол сопругот Сајмон Монџек во нивната вила во Холивуд. Во тогашниот лекарски извештај стои дека починала од воспаление на белите дробови и анемија.

Постојат толку многу теории за смртта на Британи Марфи што тешко е да се набројат, а некои се неверојатни. Многу прашања останале без одговор.

https://www.instagram.com/p/B6YebGRp2Rt/

Во последно време, на социјалните мрежи повторно се појавуваат разни теории и претпоставки. Луѓето едноставно сакаат да ја дознаат вистината и сметаат дека не е фер овој мистериозен случај да не се испита до крај.

Со оглед на тоа што и нејзиниот сопруг починал на истиот начин, се зборувало и за убиство, а меѓу осомничените се нашла и нејзината мајка. Еден медиум тврдел дека комуницирал со починатата актерка и објаснил дека во бракот со Сајмон била потчинета, искористена и манипулирана.

Ова се петте причини поради кои и понатаму се поставува прашањето што ја убило младата актерка.

1. Можно е лековите да играле голема улога во нејзината смрт. Иако патологот рекол дека починала исклучиво од природна смрт поради воспаление на белите дробови и анемија, подоцна излегло дека престанала да дише поради комбинација од разни лекови. Во собата на актерката пронајдени се дури 90 празни пакувања од разни лекови.

2. Сопругот Сајмон починал само пет месеци подоцна од истите причини. Експертите тврдат дека не е невозможно, но е ужасно ретко. Иако никогаш не признале јавно, полицајците во Лос Анџелес го водете случајот како убиство. По лабораториските анализи, таткото на актерката изјавил дека смета дека се работи за убиство, а не за природна смрт.

https://www.instagram.com/p/B6XbIy_HG7m/

3. Сајмон имал многу лоша репутација и никој не бил среќен кога Британи се омажила за него. Многумина го обвинувале дека ја искористувал актерката, дека е измамник и дека е многу лоша личност. Еден новинар на својот блог напишал дека можно директно да бил вмешан во тажниот крај на актерката. По нејзината смрт, Сајмон се обидел да се оправда, но тоа не поминало баш најдобро.

„Мислам дека најголемата грешка е што луѓето мислат дека живеев на нејзина сметка. Јас бев тој што ги плаќаше сметките. Прости ми Британи, луѓето не сакаат да го чујат тоа. Таа глумеше во толку лоши филмови што сакаше да се самоубие“, со оваа изјава Сајмон уште повеќе го предизвикал гневот на јавноста.

4. Никогаш не бил јавно објавен податокот колку куќата во којашто умрела актерката била безбедна за живеење. Нејзината мајка Шерон покренала тужба, бидејќи никогаш не ги добила податоците што би укажале на тоа дека во куќата имало отровни материи. Една од популарните теории е дека актерката била отруена со отров за стаорци. Со оглед на тоа дека куќата не била прогласена за место на злосторство, тие опции на крајот не биле подлабоко истражени.

https://www.instagram.com/p/B6XFxEqhswf/

5. Патологот никогаш повторно не го покренал случајот за кој изјавил дека можел да биде спречен. Британи била болна најмалку две недели и ако навреме била однесена во болница, сигурно би и помогнале. Останува прашањето зошто не се побарало помош навреме иако актерката се борела за да дојде до воздух. Тоа била вистинска агонија.

За жал, случајот нема да биде повторно отворено освен ако не се појави некој нов доказ кој би укажал на тоа дека навистина се работи за криминал. Останува фактот дека двајца млади луѓе починале во период од пет месеци на потполно истиот начин, на потполно истото место.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.