Сите проблеми во бракот настануваат поради 1 работа: Еве што е во прашање!

Жива вистина

Експертите тврдат дека постои само една причина зошто постојано се карате со партнерот и зошто бракот ви е во криза

Прочитајте ја оваа интересна приказна. Станува збор за една многу искрена и лична приказна…

„Кога се венчавме со мојата сопруга, еднаш посетивме семинар за давање психичка поддршка на жртвите од современата трговија со робови (сексуални робови).

Водителот на семинарот ги праша присутно што сметаат дека е причина за развод. Бидејќи со сопругата имавме присуствувано на некои предбрачни консултации, помислив дека сум експерт па набрзина ја кренав раката и викнав ‘Секс, пари и комуникација!’.

Ја погледнав сопругата, а таа ми потврди со главата со насмевка.

‘Погрешно’, викна водителот. ‘Тоа се само симптоми на вистинскиот проблем. Браковите завршуваат со развод од една единствена причина: преголеми очекувања!’.

Бев шокиран.

Ова откритие едноставно не можеше да ми влезе во глава. Не се сеќавам за што се разговараше понатаму. Премногу се замислив за претераните очекувања, со кои веќе се сретнав во брачниот живот кој траеше само еден месец.

Сфатив дека овој смртоносен отров го погодува срцето на секоја врска.

Но големите очекувања не се само проблем во бракот, туку и во целиот наш живот. Не е важно дали сте сингл или оженет човек, невработен или со полно работно време, стар или млад… Високите очекувања се камшикот на секој човек. Поради тие очекувања, никој не е доволно сигурен.

Кое е решението?

Јас сум математичар по природа. Сакам равенки. Така направив една равенка:

Очекување – Реалност = Разочарување

Што тоа точно значи?

Очекување

Кога ќе се вратиме дома од работа, очекуваме нашата сопруга да ни приготви вечера. Таа ќе носи престилка без дамки и ќе седи спроти мене. Нашата ќерка ќе седи во столчето за хранење и ќе го руча своето јадење.

Реалност

Доаѓам од работа половина час подоцна, ништо од вечерата. Ќерката скока низ куќата расфрлајќи смоки на сите страни. Жена ми седи на компјутер обидувајќи се да одговори на некои мејлови од дома. На моето прашање ‘што има за вечера?’, ми фрла бесен поглед. Одам во кујна, наоѓам леб и сирење и тоа си го поставувам на маса.

Разочарување

Антонио Бандерас најдобро кажал ‘Очекувањето е мајка на разочарувањето!

Заклучок: во животот честопати имаме големи очекувања, кои на крајот доведуваат до разочарување.

Но не да мора биде така.

Еве го решението: Нека си оди животот по својот тек.

Не велам дека целосно треба да се ослободиме од очекувањата, но не би било лошо кога би ги свеле на минимум.

Добро е да имаме здрава, реалистична цел. Да тежнееме кон нешто. Но ако се најдете во ситуација во која вашите очекувања се превисоки, отфрлете ги очекувањата и прифатете ја реалноста таква каква што е.

Уморни сте од разочарувања? Отфрлете ги високите очекувања и свртете се кон реалноста. Потоа разговарајте со оној што не ги исполнил вашите очекувања и објаснете му што и зошто го очекувате тоа од него.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.