10 ФАКТИ ЗА ГЛАВОБОЛКАТА што ќе ве изненадат

Фото: Getty Images

Оној што никогаш немал главоболка во животот, секако, може да се смета за апсолутно среќен човек. Но дали сте сретнале такви луѓе? Според статистичките податоци, главоболката е една од најчестите поплаки при преглед кај интернист или невропатолог. Што предизвикува таква состојба?

1 Болката што се јавува повремено и е поврзана со напнатост и стрес е еден од полесните и почести напади на главоболка. Обично се чувствува во задниот тилот или во пределот на вратот. Епизодните напади се случуваат почесто во втората половина од денот и траат неколку часа.

Мускулните грчеви (стегнати, напнати мускули) или напнатоста што предизвикува болка најчесто се поврзани со неправилно држење на телото, прекумерно напрегање на очите, вознемиреност и хроничен стрес.

2 Главоболката може да биде еден од симптомите на висок крвен притисок доколку ве мачи наутро и има карактер на затегнатост и притисок. Почесто е локализирана во тилната област и е придружена со оток на лицето и на очните капаци.

Но ако болката е придружена со премаленост, тежина во главата и шум во ушите, општа слабост, сонливост, се намалува во лежечка положба и се интензивира во стоечка положба, тогаш можно е да е притисокот – намален.

3 Силен стимулатор за главоболка е естрогенот. Затоа кај жените нападите може да се интензивираат за време на овулацијата и менструацијата или, напротив, непосредно пред нејзиниот почеток, а потоа да поминат сами од себе. По почетокот на менопаузата, овој вид главоболка практично исчезнува.

4 Пулсирачки главоболки што се појавуваат ненадејно, кои обично се чувствуваат на едната страна од главата (обично во фронтално-челната или темено-тилната област) – се карактеристичен симптом на мигрена. Можни се и гадење и повраќање. Болката се засилува со иритирачки фактори, како што се бучава и силна светлина.

Причина за мигрена е нарушен проток на крв во некои делови на мозокот, најчесто поради краткотраен спазам на крвните садови, што предизвикува зголемување на интракранијалниот притисок (притисок во черепот).

5 Мигрената кај многумина поминува… во сон. Затоа, ако успеете да заспиете по земањето аналгетик – тоа е многу добро. Во секој случај, најдобро е за време на напад на мигрена да легнете некое време во темна просторија, каде што е ладно и максимално тивко. Никако не смеете да пиете кафе или чај! Тие имаат вазодилатациски ефект и само ја влошуваат ситуацијата.

6 Денес, главно, сите слушаат музика преку слушалки. Но, ако тоа трае по цел ден и притоа е многу гласно – добре дојде, главоболко, а потоа и проблеми со слухот. Ниските фреквенции (басовите) се сметаат за најопасни.

7 Патем, одредена храна и пијалаци може да бидат причина за главоболки. Главни причини за главоболки се сирење, чоколадо и кафе, алкохол, производи од месо и колбаси, инстант супи. Се разбира, тоа не значи дека по јадење или пиење нешто од оваа листа, задолжително ќе се чувствувате лошо. Но со нивното внесување ризикот од главоболки значително се зголемува.

8 Дали некогаш ви се случило штом брзо ќе изедете сладолед или ќе испиете нешто ладно, главата да ви биде како во менгеме – чувствувате остра болка?

Еве во што е феноменот на оваа појава. Кога извор на ладно доаѓа во контакт со сноп нерви во задниот дел на непцето, оттаму се пренесува информација што активира дел од мозокот.

Оттука и ненадејната болка. За да се ослободите од неа, треба да го залепите јазикот за непцето и да го држите десетина секунди во неколку наврати. Тој ќе ја загрее нервната врска, што ќе донесе олеснување.

На главоболката може да влијае и сугестијата. Истражувањата покажаа дека кај 40% од луѓето нападот поминувал благодарение на таблета за шеќер што не содржела никакви медикаментозни средства, но тие мислеле дека е аналгетик. Ете ви ја моќта на плацебо!

* За ублажување главоболки од каков било карактер, вклучувајќи ја и онаа поради настинка и грип, добар е одвар од цимет. Потребно е да зовриете рамно лажиче прав во чаша врела вода, да го оставете да отстои половина час, а откако ќе додадете малку шеќер, да го пиете го по голтка на секои два-три часа.

* Против мигрена помага нанесување топли и ладни облоги на тилот и слепоочниците. Треба да се менуваат на секои две минути.

* Ако ве стегаат челото и слепоочниците за време на грип или акутна респираторна вирусна инфекција, можете да ги намачкате со мекиот дел од лимон или со масло од нане.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.