Високиот притисок најчесто удира подмолно, без симптоми: Ова е сигналот што сите го занемаруваат!

Не чекајте да биде доцна!

Овој симптом никогаш не би го поврзале со проблеми со кардиоваскуларниот систем

Високиот притисок е проблем што го погодува секој десетти човек во Македонија, а многумина од нас можеби и не знаат дека боледуваат од хипертензија, бидејќи таа најчесто нема симптоми.

Дека имате висок притисок, веројатно ќе дознаете дури тогаш кога тој ќе предизвика некои сериозни последици. Премалку луѓе одат на лекар за редовна контрола, поради што притисокот може да направи хаос во организмот пред да биде дијагностициран.

Еден од необичните сигнали дека нешто не е во ред се проблемите со помнењето, велат експертите.

На мозокот постојано му треба нова количина на крв богата со кислород за да може да функционира нормално. Високиот притисок може да го намали дотокот на крв во мозокот и да направи привремени или значајни блокади, кои потоа предизвикуваат исхемиски напади или мозочни удари.

Нерегулираниот висок притисок може да предизвика проблеми со помнењето, учењето, сеќавањето, па дури и со говорот. Важно е да знаете дека лекувањето на притисокот нема магично да ја поништи веќе направената штета, но значајно ќе го намали ризикот од појава на понатамошни проблеми.

Метод на познатиот доктор Хансен: Еве како да го снижите крвниот притисок без лекови за неколку минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.