Брзо и ефикасно: Најдобрите диети за брзо губење килограми

Резултатите ќе бидат видливи по само неколку дена

Ако сакате брзо да изгубите килограми, овие диети се многу ефикасни

Сигурно знаете дека инстант диетите најчесто имаат јојо-ефект, односно изгубените килограми многу брзо се враќаат ако не ги симнувате постепено. Сепак, доколку ве очекува важен настан и ви треба брзо губење на килограмите, следниве диети се многу ефикасни, а немаат негативни последици на здравјето…

1. Диета со банани

За појадок изедете една голема или две помали банани и испијте чаша млака вода. Важно е бананите да бидат свежи и не целосно зрели. Ваквиот појадок ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе почнете да губите килограми дури и ако јадете нормално за ручек и вечера.

2. Диета што го забрзува метаболизмот

Нездравата храна може да ја наруши рамнотежата на хормоните. Оваа диета подразбира оброци засновани на комбинација од протеини, добри јаглени хидрати и здрави масти. Ќе ви помогнат и контролираните порции, четирите помали оброци и двете ужини. Доколку сакате да го забрзате метаболизмот, немојте да јадете после 21 часот.

3. Диета без брашно и шеќер

Оваа диета подразбира да ги исфрлите од исхраната сите производи што содржат шеќер и брашно. Храната без брашно и шеќер побрзо се вари и затоа почесто ќе бидете гладни, но сепак ќе губите килограми без оглед на бројот на оброците.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време