Ако се пронаоѓате, веднаш престанете: Нездравата храна за појадок е штетна за мозокот

Катастрофални последици

Истражувањата докажале дека луѓето кои појадуваат храна со висок процент на масти имаат послаба концентрација и помнење

Познато е дека појадокот е најважниот оброк, па затоа многу е важно што ќе појадувате. На Универзитетот Меквери во Австралија, еден тим на научници се обидел да го најде одговорот на прашањето „Како тој оброк влијае на состојбата на целиот организам?“

Резултатите ги изненадиле и авторите на истражувањето кои сфатиле дека последиците од започнувањето на денот со нездрава храна се катастрофални за човечкиот организам.

Имено, откриено е дека појадокот со висок процент на масти или шеќер, по само четири дена консумирање, може да предизвика сериозни промени на човечкиот мозок.

Способноста за учење нови факти и помнењето рапидно опаѓаат по само четири дена консумирање нездрав појадок, а функцијата на мозокот полека се намалува.

Истражувањето било спроведено на примерок од 102 здрави луѓе со нормална тежина. Половина од нив четири дена појадувале храна богата со лоши маснотии и шеќер, додека другата половина истиот временски период појадувале поздрава храна, со помалку заситени шеќери и маснотии.

Поточно, првата група појадувале тост и чоколаден милкшејк, а втората појадувале поздрава верзија од истиот појадок или само половина порција од нездравиот.

Обете групи решавале тестови првиот и последен, четврти ден, за да им се провери способноста за помнење и учење.

Резултатите покажале дека првата група која појадувала храна со многу маснотии и шеќери покажала значајно полоши резултати на тестовите за разлика од другата група. Тестовите што ги решавале испитаниците од првата група на првиот ден од испитувањето биле слични со оние од четвртиот ден, но на почетокот немале слаби резултати.

Истражувачите докажале дека кај луѓето од првата група нездравиот појадок довел до значаен пораст на глукозата во крвта, што влијаело врз опаѓањето на когнитивните функции.

 

Треба да знаете дека промената на нивото на глукоза во крвта може да го загрози метаболизмот. Тогаш мозокот честопати почнува да добива погрешни сигнали за нивото на инсулин во крвта, објаснил Доминик Тран, автор на истражувањето на Универзитетот во Сиднеј.

Друг интересен факт што произлегол од ова истражување е тоа што кај оние кои појадувале брза храна се намалила и способноста да разликуваат кога се гладни, а кога сити.

Се претпоставува дека тоа е поврзано со хипокампусот, делот од мозокот во темполарната област, кој го контролира нивото на шеќер во крвта, а кој влијае на апетитот.

Дел од ова истражување бил насочен кон 16 мажи од 19 до 28 години кои пет дена држеле пропишани диети. Едните јаделе премасна храна сиромашна со јаглени хидрати, а другите се хранеле здраво, според препораките на нутриционист.

Планот за исхрана бил прилагоден на секој поединечно, а го смислиле нутриционистите кои ја надгледувале и самата подготовка на оброците. Порциите на првите осум мажи содржеле 70% маснотии, 4% јаглени хидрати и 26% протеини.

Од друга страна, останатите осум мажи добивале порции храна со поздрави производи: 50% јаглени хидрати, 24% масти и 26% протеини.

Сите мажи секое утро давале крв и решавале когнитивни тестови.

Резултатите покажале дека осумтемина мажи кои се хранеле нездраво имало дури 44% повеќе маснотии во крвта од оние кои јаделе добро изедначени оброци.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време