3 појадоци што треба да ги одбегнувате

Ќе ви направат поголема штета одошто корист

Ако сакате да го започнете денот на вкусен и здрав начин, одбегнувајте ги овие намирници за појадок

Појадокот е најздравиот оброк во денот. Тој ни помага да го покренеме организмот да го подготвиме за напорните часови што ни претстојат. Ова се работите што не би требало да ги јадете за појадок.

1. Овошни сокови и јогурти

Иако на нив пишува дека се 100% природни, купените овошки сокови се полни со шеќер и адитиви. Ваквата напивка ќе ви даде моментална енергија, но исто толку брзо и ќе ви ја одзеде. Исто така, соковите од продавница немаат голема хранлива вредност.

Најдобро земете вистинско овошје што содржи влакна, потребни за регулација на дигестивниот систем, како и житарки. Истото важи и за овошните јогурти, така што подобро одберете незасладени пробиотици со потпечен леб и мармалад.

2. Печива

Печивата, крофните и другите вкусни производи од тесто што ги купуваме во пекара се многу вкусни, но најчесто содржат голема количина на адитиви, сол и шеќери, што не е добра комбинација за почеток на денот.

Солените печива ја задржуваат водата во организмот, а лиснатото тесто е масно, тешко се вари и е сиромашно со нутритивни вредности, кои му се потребни на организмот за нормална работа. Ако сакате наутро да изедете печиво, одберете го она од житарки со цело зрно, заедно со млечна мачканица или путер и мармалад.

3. „Ѕидарски“ појадок

Ѕидарскиот појадок подразбира масна, тешка и калорична храна како што се пржени јајца со сланина, бел леб или масна салама со мајонез и слични мачканици. Освен ако не се занимавате со тешки физички работи, ваквиот појадок навистина не му е потребен на вашето тело, бидејќи ќе му треба многу време да го свари.

Големата количина нездрави маснотии ќе заврши во форма на масно ткиво, а вашиот организам нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна што му се потребни. Ако наутро сакате да јадете јајце, најдобро би било да го сварите и го комбинирате со парче потпечен леб и чај.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време